ЛДП: Да ја покажеме човечката страна кон бегалците и мигрантите

Од:

„ЛДП ги повикува граѓаните да ја покажат човечката страна кон бегалците и мигрантите во оваа светска криза од големи размери. Денес е европски ден за поддршка на бегалците, но хуманоста ја должиме кон луѓето во неволја секој ден.

Ја изразуваме нашата поддршка и почит кон сите волонтери и невладини организации кои со месеци вложуваат надчовечки напори за помош на бегалците и мигрантите; и се вистинскиот репер за однесување, за разлика од бруталноста и примитивизмот на поединци во полицијата и војската.

Пораката што Македонија треба да ја испрати е солидарност, а не ксенофобија и оградување во реалноста и во фашистичките идеи на претставниците на власта. Помошта што ја пружаат индивидуалците е посилна од било која преплатена коруптивна реклама на владата.

Очекуваме власта во најкраток можен рок да обезбеди пристојни и соодветни услови за прифаќање и времено сместување на бегалците и мигрантите на двата гранични премини, Богородица и Табановце во пресрет на зимските месеци.

ЛДП секогаш се залага за цивилизирано решение на било кој проблем, вклучително и овој“, се вели во соопштението на ЛДП.

Би можело да ве интересира

Цветановски: Нема ништо од една изборна единица, големите партии сакаат да го заштитат монополот

Зајкова: Целосна поддршка за „Сејф Сити“ од мене како пратеничка и од ЛДП

А1он

(ВИДЕО) Зајкова: Срамно е по 18 месеци чекање нов Кривичен законик, да добиеме само козметички интервенции

Зајкова: Македонија припаѓа во ЕУ, а Европа мора да покаже политичка храброст

Горан Наумовски

Иницијативен одбор за реформи во ЛДП: Како од „фабрика на идеи“ ја сведовте ЛДП на непрепознатлива НВО организација

Предраг Петровиќ

ЛДП: Поверениците во четирите општини да не можат да се кандидираат за градоначалници на повторените избори