ЛДП: Блокираните институции и паралелизмот се сериозна закана за безбедноста

Од:

Според ЛДП, денеска и официјално е потврдено дека во Македонија се случува ревизија на Охридскиот договор, под покровителство на Груевски.

Либерално- демократската партија изразува сериозна загриженост за новонастанатата политичка состојба во државата, веќе нема дилема дека Македонија се наоѓа во тешка политичка и економска криза чие разрешување не е на повидок.

Потстетија дека вчера учебната година на Државниот универзитет во Тетово започна со интонирањето на Албанската химна, ова за заменик министерот за образование не е проблематично, бидејки според него не се работи за химна на некоја држава туку за национална химна на Албанците. Униврзитетот „Кирил и Методиј”, пак, почетокот на учебната година го одбележа со молитва на која поглаварот на МПЦ ги искара сите што не го одобрија овој чин и застанаа во одбрана на секуларностана државата, во одбрана на почитување на мултиетничките и мултиконфесионалните вредности.

ЛДП смета дека интонирањето на химна на друга држава во државна институција, како што е Тетовскиот универзитет, очигледно претставува реакција на немањето и непреземањето на конкретна и соодветна акција од страна на министерот за образование во однос на преименувањето на училиштата во општина Чаир. Веќе дваесетина дена, велат, министерот за образование и градоначалникот на општина Чаир си праќаат пораки преку медиумите и си пишуваат прекршочни пријави, како и двајцата да не се претставници на партии кои ја водат државата.

ЛДП смета дека барањето излез од политичката криза со дисциплински мерки и прекршочни пријави е само замајување на јавноста и доказ дека во Македонија не функционират институциите на системот, или поточно официјализираниот паралелизам во функционирањето на Владата е веќе длабоко изразен. Блокираните институции и паралелизмот , велат, не само што ги блокираат Евроатланските интеграции и економскиот развој туку се и сериозна закана за безбедноста на земјата.

„Официјалнот став на Груевски дека : “ Во однос на меѓуетничките односи, Владата почна ревизија на Охридскиот рамковен договор “, во целост ги објаснува настаните што се случуваат изминативе месеци во Македонија вклучувајќи ги најавите на пратеничката на ДУИ, дека сето ова води кон промена на Уставот. ЛДП, како и сите граѓани бара Груевски веднаш, уште денес да објасни како ќе изгледа нашата држава по завршување на неговата ревизија“, изјави Роза Топузова Каревска.

Би можело да ве интересира

Зајкова: Ако некој пратеник мисли дека банките му се поважни од народот, нека излезе и нека каже: „Гласав за банките, а не за народот”

Горан Наумовски

Груевски: НБРМ ја слушна ЛДП и ги намали трошоците на банките, на ред се банките да ги намалат трошоците кон граѓаните

Форумот на жени на ЛДП најостро го осудува нападот врз градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска

ЛИБСЕЕН го поздравува усвојувањето на извештајот на Европскиот парламент за Македонија и ја осудува дебатата за идентитетот

А1он

(ВИДЕО) Зајкова: Одбрана, дигитализација и брзо проширување за целосна интеграција на Западен Балкан

Половина милијарда евра повеќе од буџетот за одбрана да ги инвестираме во домашно производство – министерот Муцунски на линија со позициите на ЛДП, велат од партијата