ЛДП бара засилени активности на надлежните за расчистување на снегот од патиштата

Од:

ЛДП бара засилени активности на надлежните институции за подобрување на состојбите на патиштата

„И покрај тоа што лошите временски состојби, односно снежните врнежи и ниските темератури беа најавени десеттина дена порано, голем дел од патиштата долго време беа непроодни. Големи застои и тешкотии во одвивање на сообраќајот имаше и на меѓународните патни правци на Коридорот 10 и Коридорот 8 и тоа во услови на снежна покривка од десет сантиметри и повеќе. Дел од патиштата во државата се сеуште непроодни, а забраната за движење на речиси сите патни правци за товарните возила е присутна веќе трет ден. Очигледно дека и покрај предупредувањата надлежните институции не реагираа навремено и соодветно во справувањето со временските сосотојби кои се сосема очекувани за овој период од годината“, се вели во соопштението ипратено до медиумите.

Либерално-демократската партија ги повикува сите надлежни институции да ги интензивираат своите активности и да ангажираат дополнителна работна сила и механизација од сите субјекти кои располагаат со истата, со цел да се нормализира состојбата на сите патни правци во државата. ЛДП ги повикува и едниците на локалната самоуправа да преземат поинтензивни активности за овозможување на проодност на локалните патишта и улици, како и отстранување на мразот и снегот од јавните површини.

Би можело да ве интересира

Зимска идила на Попова Шапка со 74 сантиметри снег

Снег на патниот правец Тетово-Гостивар-Маврово и на Попова Шапка

Снег на патниот правец Тетово-Гостивар-Маврово и на Попова Шапка

Количината на снег во Москва достигна рекорд во последните 72 години

А1он

Забрана за сообраќај на камиони на патот Гостивар – Стража – Кичево поради обилни снежни врнежи

Горан Наумовски

Сообраќајот на патот Кичево-Гостивар е нормализиран

Катерина Ѓуровски