ЛДП бара оставка од Тодоров

Од:

Либерално Демократската Партија сочуствува со семејството на малата Тамара и изразува силно жалење за прерано заминатиот млад живот.

ЛДП ја потсетува македонската јавност дека министерството за здравство преку министерот Тодоров даде јавно ветување дека токму министерството ќе го плати лекувањето на Тамара во странство.

„Македонската јавност знае дека Министерството за здравство преку министерот Тодоров даде јавно ветување дека токму министерството ќе го плати лекувањето на Тамара во странство. Оттогаш наваму, семејството Димовски беше заглавено во бескрајни бирократски процедури кои на крај доведоја до тоа Тамара воопшто да не замине на операција во странство. Министерот Тодоров треба да и одговори на јавноста во кој здравствен систем од „првите 16 во Европа”, згаснува човечки живот поради бирократски процедури?

Токму поради овие причини го повикуваме министерот Тодоров, ако има минимум достоинство и грижа на совест, да си поднесе НЕОТПОВИКЛИВА ОСТАВКА“, стои во соопштението на ЛДП.

Либерално Демократската Партија водејќи се од својата идеологија за промовирање на индивидуалните слободи и права на човекот и граѓанинот, смета дека правото на живот треба да биде неприкосновено и на прво место. Во исто време, се залагаме за итна прераспределба на народните пари, запирање на сите непродуктивни трошења и нивно пренасочување во програми кои ќе имаат за цел да го олеснат и подобрат животот на граѓаните.

Би можело да ве интересира

Зајкова: Македонија припаѓа во ЕУ, а Европа мора да покаже политичка храброст

Горан Наумовски

Иницијативен одбор за реформи во ЛДП: Како од „фабрика на идеи“ ја сведовте ЛДП на непрепознатлива НВО организација

Предраг Петровиќ

ЛДП: Поверениците во четирите општини да не можат да се кандидираат за градоначалници на повторените избори

ЛДП доби признание за иновативни решенија на конгресот на АЛДЕ во Брисел како клучен член на европското либерално семејство

Зајкова: Да избереме напредок, одговорност и дела што носат подобро секојдневие за сите нас

Горан Наумовски

ЛДП: Идентитетот не се гради со уривање на заштитеното културно наследство