ЛДП бара одговорност за залудно потрошените пари на палмите

Од:

„Пред неполни две години беа набавени и засадени 1.100 палми, за кои се залудно потрошени 522.000 евра. На ова треба да се додадат и транспортните трошоци, трошоците за складирање, засадување, третманот за заштита за време на на летниот и зимскиот период, како што се нивно тн. туширање, обвививање, набавка на специјално ѓубриво и други препарати и низа други трошоци. Со ова, севкупните трошоци за палмите достигнуваат до речиси 1.000.000 евра, народни пари.

Овие палми не беа најавени во никаква предизборна или било каква друга програма на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата.

Палмите беа платени од Владата, набавени од ЈП „Македонски шуми“, а прифатени од градоначалникот на Град Скопје, но и од властите на другите општини. Уште по првиот поглед на палмите се увиде дека се во целосно уништена состојба и дека многу брзо ќе завршат на депонијата Дрисла, како и што се случува деновиве. Палмите почнаа да се сушат уште во првите месеци од нивното засадување, но набрзина беа заменувани со други палми за да се прикрие нелогичноста на проектот. Сега е очигледно дека резервите се истрошија и дека не може веќе да се залажува јавноста.

ЛДП долго време укажува дека долгогодишното безмилосно уништување на зеленилото и масовната сеча на дрвата заради недржливата и прекумерна градаба, придонесува за ионака големото загадување на воздухот. Наспроти повеќе-децениски дрва со голема зелена маса и апсорпциона моќ, се засадија неавтохтони палми за кои беше јасно дека нема да имаат долг век.

ЛДП бара одговорност за склучување на договор за набавка на палмите по нерално вискоки цени и без било какова гаранција на рокот за вегетација на овие дрва од страна на увозникот и производителот, што е сосема нормално за ваков вид на договори. Одговорноста треба да ја сносат Владата, ЈП „Македонски шуми“ и градоначалникот на Град Скопје за овој целосно промашен проект. Да се потсетиме само на еден од низата промашени скапи проекти за „озеленување“ на државата, како што се потрошените 250.000 евра за три жални врби и милионски суми за пошумување од кое нема никакви видливи резултати.

Новата реформска влада во која ќе партиципира и ЛДП во континуитет ќе работи на заштита на животната средина и здравјето на граѓаните“, се вели во соопштението на ЛДП.

Би можело да ве интересира

ЛДП со посебна благодарост за основачите во Битола

Зајкова: ЛДП е фокусирана на своите политики, а не дали ќе настапува во одредено мнозинство

Зајкова: Со новиот предлог закон за платежни услуги се укинуваат неоснованите банкарски трошоци

Горан Наумовски

ЛДП: Скопје не смее повеќе да биде во заложништво на волјата на Данела – оставка веднаш

Зајкова: Здружените напади и заканите нема да ме предомислат – ЛДП останува доследна на своите програмски принципи по кои сме препознатливи

Предраг Петровиќ

Зајкова: Со конкретна стратегија до подобри резултати и повеќе влијание во локалната самоуправа