ЛДП бара Македонија да биде една изборна единица со отворени листи

Од:

Во светло на кулминација на политичката криза, Либерално-демократската партија одржа состанок на Извршниот одбор, во кој се анализираа настаните и се констатира дека општествената криза бара промена на системот и на свеста на граѓаните, а не само промена на власта.

Сметаме дека со целосното повлекување на аболицијата се создадоа првични услови за продолжување на преговорите со посредство на меѓународната заедница, но тие мора да бидат транспарентни и со учество на граѓанскиот сектор, како и останатите политички чинители.

ЛДП ги поддржува барањата на граѓанските организации кои настапуваат под името на “Шарената револуција“, за непречено функционирање на СЈО и отстранување на сите пречки кои им стојат на пат и доследно се залага за формирање на Специјален Суд, како начин за нивна целосна функционалност. Оставката на Ѓорѓе Иванов после вчерашното повлекување на аболицијата треба да биде само прашање на ден.

Сметаме дека правниот и политичкиот систем е така поставен што е добра основа за коруптивно и неодговорно владеење и затоа за нас системските промени се клучни, кои во иднина ќе спречат узурпација на системот од вакви размери.
Затоа, ЛДП ќе инсистира на преговарачка маса да се стави промената на изборниот модел: Македонија да биде една изборна единица, со отворени изборни листи, што означува демократизацијата на партиите и нивна суштинска реформа, но и неможност за апсолутна власт во парламентот на само една партија. Само промени кои се во интерес на граѓаните, а не на партиите, се вистински промени, соопштуваат од ЛДП.

Би можело да ве интересира

ЛДП: Поверениците во четирите општини да не можат да се кандидираат за градоначалници на повторените избори

ЛДП доби признание за иновативни решенија на конгресот на АЛДЕ во Брисел како клучен член на европското либерално семејство

Зајкова: Да избереме напредок, одговорност и дела што носат подобро секојдневие за сите нас

Горан Наумовски

ЛДП: Идентитетот не се гради со уривање на заштитеното културно наследство

Геговска: Трагедијата на Росица нека биде последна, бараме итно воведување на електронска нараквица за насилниците

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Зајкова: 102 молкa, еден живот помалку – електронска нараквица за сторителите на насилство