ЛДП бара една изборна единица и отворени листи

Од:

Либерално-демократската партија (ЛДП) и понатаму останува доследна во својата заложба за темелни изборни реформи, со јасно изразена поддршка за воведување на една изборна единица, отворени листи, како и вклучување на предлозите доставени за независни листи од невладиниот сектор во креирањето на новиот Изборен законик.

„Пратениците на ЛДП и во два претходни парламентарни состави поднесуваа предлог-закони за оваа реформа. Во понеделник, ЛДП повторно ќе поднесе предлог закон до Собранието.

Како прва политичка партија што јавно ја застапува идејата за една изборна единица и отворени листи, ЛДП ја нагласува потребата од праведен и транспарентен изборен систем кој ќе овозможи еднаквост на гласот и директно влијание на граѓаните врз тоа кој ќе ги претставува.

Веруваме дека со воведувањето на една изборна единица и отворени листи ќе се зголеми отчетноста, ќе им се даде поголема моќ на граѓаните и ќе придонесе за развој на демократијата во земјата.

ЛДП ги повикува сите политички чинители, партии и граѓанското општество на заедничка работа и отворен дијалог, со единствена цел – конечно усвојување на праведен и инклузивен изборен модел, велат од партијата.

Би можело да ве интересира

ЛДП: Поверениците во четирите општини да не можат да се кандидираат за градоначалници на повторените избори

ЛДП доби признание за иновативни решенија на конгресот на АЛДЕ во Брисел како клучен член на европското либерално семејство

Зајкова: Да избереме напредок, одговорност и дела што носат подобро секојдневие за сите нас

Горан Наумовски

ЛДП: Идентитетот не се гради со уривање на заштитеното културно наследство

Геговска: Трагедијата на Росица нека биде последна, бараме итно воведување на електронска нараквица за насилниците

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Зајкова: 102 молкa, еден живот помалку – електронска нараквица за сторителите на насилство