ЛДП бара да се укине „Мој термин“

Од:

Министерството за здравство да го укине проектот „Мој термин“ и да ги остави лекарите да си го работат она за што се едуцирани и без притисоци, согласно светските стандарди и протоколи, бара ЛДП. А не да ги исполнуваат политичките желби на Никола Тодоров и неговата медицинско-економска дружина, велат од ЛДП.

„Бараме Тодоров да се зафати со решавање на проблемите и на реално модернизирање на државното здравство, а не само да најавува купување на скапи медицински апарати кои ги има само на телевизија, но ниту во еден медицински објект“, пишува во соопштението на ЛДП.

Според ЛДП, „Мој термин“ е уште еден проект на владата на Никола Груевски кој доживеа фијаско. „Проектот „Мој термин“ покажа дека е необмислен и дека немаше потреба од него. Да не говориме и за скапите реклами за негово промовирање. ЛДП апелира Фондот за здравствено осигурување на Македонија и Министерство за здравство, вината за неуспехот на проектот „Мој термин“ да не ја бара кај пациeнтите, туку кај себе“, пишува во писмената реакција од ЛДП во која се додава дека сите ние, како пациенти, сме сведоци дека овој систем не функционира и дека македонското здравство е пред колапс.

Министерството, раководено од Никола Тодоров, продуцираше низа финансиски скандали. Овој министер, кој мисли дека операциите и здравствените услуги се видео игри не одговараше, ниту од морални причини даде оставка за наместениот милионски тендер за Ивона Талевска.

Со силен притисок врз судството, Тодоров успеа да го задуши штрајкот на лекарите, за подоцна да биде уапсен синидикалниот лидер д-р Дејан Ставриќ. Додека министерот шеташе по болници и ловеше доктори и медицински сестри кои спијат или пушат, пациенти го губеа видот, а директорката беше наградувана како мошне „успешна“ од министерот. И врв на сè беше проектот кој, наместо ред, внесе хаос во здравството“, се вели во соопштението на ЛДП.

Би можело да ве интересира

ЛДП: Осуда за сквернавењето на државното знаме и одговорност за сторителите

Катерина Ѓуровски

ЛДП со посебна благодарост за основачите во Битола

Зајкова: ЛДП е фокусирана на своите политики, а не дали ќе настапува во одредено мнозинство

Зајкова: Со новиот предлог закон за платежни услуги се укинуваат неоснованите банкарски трошоци

Горан Наумовски

ЛДП: Скопје не смее повеќе да биде во заложништво на волјата на Данела – оставка веднаш

Зајкова: Здружените напади и заканите нема да ме предомислат – ЛДП останува доследна на своите програмски принципи по кои сме препознатливи

Предраг Петровиќ