А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

ЛДП: Антидржавното раководство на ВМРО-ДПМНЕ да ја прифати реалноста

by А1он02/04/2017 - 10:0702/04/2017 - 11:17158
Share0

„Раководството на ВМРО-ДПМНЕ уште еднаш потврди дека е антидржавно par excellence, со тоа што сега една недела го блокира и конституирањето на Собранието на Република Македонија. Никола Груевски треба да сфати дека е опозиција и од тој факт бегање нема.

Следете a1on на Instagram Instagram

Либерално-демократската партија бара од Груевски да престане да се крие зад бескрајните реплики и контрареплики и на мирен начин да ја предаде власта која граѓаните му ја одзедоа на 11 декември, минатата година.

ЛДП става до знаење дека пратениците од ВМРО-ДПМНЕ најгрубо го кршат Уставот во неговите темелни вредности, како владеењето на правото и правната држава, политичкиот плурализам, прифаќање на резултатите од слободните, непосредните и демократски избори и почитувањето на волјата на мнозинството.

Режимот е на самиот крај и неопходно е пратениците да разберат дека апсолутно никој, а најмалку тие како претставници на ВМРО-ДПМНЕ, нема да го сопрат падот на еден трул и временски надминат систем на владеење.

Следете a1on на Youtube YouTube

Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ не смеат да се ставаат во улога на бранители на криминалите на врхушката на партијата. Тие треба да знаат дека со ваквите постапки стануваат соучесници во незаконското и нелигитимно задржување на власта.

ЛДП бара веднаш да се одблокира работата на Собранието, со цел да се избере новата реформска и легитимна Влада која ќе донесе подобар живот за сите граѓани на Македонија“ се вели во соопштението од ЛДП.

ldp

Би можело да ве интересира

Чилиманов: Додека преспанските овоштари ги бројат загубите, Владата нема ниту план ниту решение за нивниот опстанок

Предраг Петровиќ04/10/2026 - 11:22

ЛДП бара СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ да вратат 4 милиони евра што ги зедоа за финансирање на политичките партии

Предраг Петровиќ03/10/2026 - 09:1603/10/2026 - 09:55

ЛДП бара Владата да се огради од глорификацијата на Ратко Младиќ: „Нема место за величење на осудени за геноцид“

Катерина Ѓуровски29/08/2026 - 09:53

Цветановски: Нема ништо од една изборна единица, големите партии сакаат да го заштитат монополот

Предраг Петровиќ08/06/2026 - 16:46

Зајкова: Целосна поддршка за „Сејф Сити“ од мене како пратеничка и од ЛДП

А1он23/01/2026 - 19:41

(ВИДЕО) Зајкова: Срамно е по 18 месеци чекање нов Кривичен законик, да добиеме само козметички интервенции

Катерина Ѓуровски13/01/2026 - 10:14
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео