Лажни посредници за визи за Квебек, Канада

Од:

Се позачестена е појавата на измами на граѓани од лица и агенции кои се претставуваат како посредници и за одреден надомест, што се бара да биде уплатен однапред, нудат помош за побрзо и полесно добивање виза за Квебек, Канада, соопшти денеска Народниот правобранител.

Апелира граѓаните многу внимателно да ги земаат предвид сите огласи на Интернет и понуди за посредување при вадење виза за Квебек, Канада.

За вадење канадска иселеничка виза нема потреба од посредници при поднесување аликации до имиграциските служби на Квебек, Канада. Исто така, граѓаните нема потреба да се изложуваат на дополнителни трошоци за плаќање надомест на посредниците, укажува Народниот правобранител.

Доколку граѓаните сепак се одлучат да вадат виза преку посредник, појаснува Омбудсманот, треба да внимаваат и да се осигураат дали лицето или агенцијата кои се претставуваат како посредници за имиграција, се овластени да делуваат како такви од страна на Министерството за имиграција, различност и инклузија на Квебек.

– Сите потребни информации за начинот на аплицирање и добивање на иселеничка виза може да се проверат на веб-страницата на ова Министерство на која секогаш во горниот лев агол се наоѓа логото, и е назначено „официјална страна на Владата на Квебек“. На оваа веб страница има и примероци од бесплатни формулари за аплицирање, согласно областите на кандидатите, а сите информации кандидатите може сами да ги пополнат, соопшти Народниот правобранител.

Би можело да ве интересира

Припадничка на МВР киднапираше и претепа колешка, причината засега е непозната

Горан Наумовски

МВР: Запленивме над 40 тони дрога и биомаса

Горан Наумовски

Измамени две стари лица за лажни сообраќајки и лажно претставување како лекари на подрачјето на Штип во последните 24 часа

МВР: Ќе се формира национален комитет за заштита на новинарите, нивната безбедност е врвен приоритет

Граѓанците да ги ажурираат податоците за „Безбеден град“, повика МВР

Тешко повредени тројца пешаци во три сообраќајни несреќи