ВИДЕО: Лажна дојава за бомба ја блокираше „Партизанска“, се утврди дека е вага

Од:

Голем број полициски екипи имаше пред познатата пекара „Силбо“, на улицата „Партизански Одреди“ во Скопје околу 19 часот, кога полицијата добила дојава за бомба.

„Имаше дојава дека станува збор за непозната направа и во моментов полициските екипи се излезени на терен“, изјавија од МВР.

 

Блокирана беше улицата од Архитектонскиот факултет до „Силбо“, а собрани беа голем број граѓани кои се вознемирија од настанот и беа евакуирани веднаш по добиената дојава.

Половина час подоцна, од полицијата излегоа со информации дека всушност, станувало збор за две ваги.

„Вечерва околу 19,10 ч. е добиена дојава дека има непозната направа на бул.„Партизански одреди“ во Скопје. Веднаш се преземени соодветни мерки за обезбедување на просторот и упатени тимови за проверки по што е утврдено дека станува збор за две ваги. Сообраќајот по булеварот се одвива нормално“, изјавија од МВР.

Би можело да ве интересира

ДУИ обвинува за полициско насилство врз двајца млади, МВР истражува

Катерина Ѓуровски

Казна за возачот кој со 203 км. на час „леташе“ на автопатот Скопје – Свети Николе

А1он

Над 5.600 уапсени во операцијата „Чистач“

Претрес во тетовско, пронајден кокаин, лишено од слобода едно лице

Јанев: Презедовме опсежна акција, претресена е нова локација, засилено е присуството на полицијата со цел конекција со граѓаните на Прилеп

Две и пол години затвор за вработената во МВР што фалсификуваше возачки дозволи