Лажен агент на АНБ со закани од бизнисмен зел пари, автомобили, мобилни телефони и накит

Од:

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кое постои основано сомнение дека ги сторил кривичните дела изнуда и лажно претставување.

„Во период од 14.12.2023 до 5.4.2024 година, пријавениот лажно се претставувал како службено лице – вработен во Агенцијата за национална безбедност и со сериозни закани присилил едно оштетено лице да му даде пари, накит, автомобили и други добра во вкупен износ од околу 180.000 евра. Претставувајќи се како вработен во АНБ и посредник за исплата на долг, осомничениот на оштетениот 54-годишник, управител на фирма, му вршел притисоци со закани за неговиот и животот на неговото семејство, па во повеќе наврати му земал парични средства, три автомобили, два мобилни телефони, златни прстени и друг накит. Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор за осомничениот, бидејќи постојат околности кои укажуваат на опасност од бегство, можност да ја попречува кривичната постапка со влијание врз сведоците, како и веројатност да ги повтори делата. Судијата го прифати предлогот и определи притвор во траење од 30 дена“, извести ОЈО.

Би можело да ве интересира

Ковачки: Зарко Милошевски го заташкува случајот со Онишченко

Катерина Ѓуровски

Прекината седницата на собраниската Комисија за надзор на работата на АНБ, не се појави никој од Агенцијата

Катерина Ѓуровски

ВМРО-ДПМНЕ: Зарко Милошевски не е нов лик во АНБ, туку продолжена рака на екс директор Димовски и Зечевиќ

Зарко Милошевски e нов директор на Агенцијата за национална безбедност

Горан Наумовски

Без консултација со партнерите од НАТО дадена е согласност за државјанството на Онишченко, АНБ ја лоцираше одговрноста кај поединец

Катерина Ѓуровски

Абазовиќ тврди дека го разрешил директорот на АНБ поради „специјална војна“ против членови на Владата