Лазаровски: Карпош е во минус од неколку милиони евра

Од:

Општинската каса на Карпош е во минус од неколку милиони евра, обвини Сашо Лазаревски од ВМРО-ДПМНЕ.

„Општината не може да го реализира предвидениот буџет за 2012 година. И тоа немаше да биде проблем, доколку во Карпош изминативе години со потрошените пари нешто навистина се инвестираше, доколку Јакимовски зад себе оставеше барем еден капитален проект по кој ќе го запаметеа граѓаните на Карпош“, изјави Лазаровски на прес конференција.

Според него, Јакимовски наместо да гради општинските пари ги расфрлал по невладини организации.

„Го гледаме сега уплашен од фактот дека граѓаните ќе го казнат неговото недомаќинско однесување и фактот дека цел мандат не направил ништо, па сега најавува изградба на нови плоштади, паркови, паркинзи и што ли уште не и тоа го прави на залезот на неговата градоначалничка и политичка кариера, изјави Лазаровски.

      Реакција на СДСМ

СДСМ реагираше на пресот на Сашо Лазаровски од ВМРО-ДПМНЕ.

„Како што трггнал бадијалџијата Сашо Лазаревски на најдобар пат е да биде прогласен за технолошки вишок. Очигледно дека негова единствена задача како министер е да држи партиски прес конференции во работно време.

Најде кој да зборува за задолжување. Тој беше директор на ЈП „Водовод и Канализација“ кога се одлучи да се потрошат 10 милиони евра за барокна зграда. Тој е претставник на партијата чија влада безочно ја задолжува Република Македонија.

ВМРО-ДПМНЕ нека не бери гајле за Карпош, нека му ја мислат за општините со кои раководат нивни кадри. Општина Карпош со многу помал буџет и без никаква помош на централната власт има двојно повеќе инвестиции од сите останати скопски општини заедно“, пишува во реакцијата од СДСМ.

Би можело да ве интересира

Кузеска: Приватна фирма плаќа лобисти во САД за Мицкоски

Катерина Ѓуровски

СДСМ поднесе предлог-закон за финансиска поддршка на земјоделците

(ВИДЕО) Филипче: Мицкоски не е на списокот на државници кои ќе се сретнат со Трамп

А1он

(ВИДЕО) Штерјова: Бизнисот цвета – нова зделка со броила за струја вреден 13.3 милиони евра за српска фирма

А1он

Тренчевска: Една милијарда евра е зголемена дупката во ПИОМ

Имало ли одлука на Собранието на акционери на Лотарија за финансирање на прославата, прашува СДСМ