Лазаровски: Бранко е крив и за „Типо“

Од:

ВМРО-ДПМНЕ пред стоковната куќа ТИПО, со прес конференција на која посочени дека во оваа зграда некогаш работеле над 200 работници, а сите останале без работа во 2004 година кога СДСМ била власт.

„Фирмата Типо беше систематски уништувана во периодот на криминалната приватизација на Бранко Црвенковски, по истата шема како и сите останати фирми кои беа уништени во тоа време.

Кога ваквите фирми од соседството кои се занимаваа со мала трговија растеа, се развиваа и прераснуваа во гиганти, Владата на СДСМ ги затвораше.

Овие 200 семејства кои останаа без егзистенција ја носат истата тешка и мачна судбина со 7 000 невработени од МЗТ, со 1 900 невработени од Годел Кожара, со 1 450 невработени од Славија, со 1 000 невработени од Газела, со 750 невработени од Треска Мебел-сите овие ја имаат тешката судбина на над 198 000 луѓе кои останаа без работа во време на Бранко Црвенковски.

Ова се делата на СДСМ. Затоа тие денес не сакаат да одговорат на главното прашање каде се трошеа парите во нивно време, кога не се инвестираше ништо, а фабриките се затвораа“, рече Сашо Лазаровски од ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Гостивар повеќе од четири недели е без чиста вода, Владата молчи

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Штерјова: Дата-центрите ризик за водата, струјата и сметките на граѓаните

СДСМ оддаде почит на македонските бранители кои загинаа кај Карпалак

Горан Наумовски

СДСМ: Дали и Савески е на екскурзија?

Марков: Талогот Филипче е прочитана книга, жителите на Ново Село ја избираат политиката на резултати, а не политиката на тензии

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Филипче: Власта е исплашена, посегна по децата, организаторите и напаѓачите мора да одговараат

Предраг Петровиќ