Лазаров: СДСМ го кандидира веќе поразениот Бетиан Китев за градоначалник на Кавадарци

Од:

Андон Лазаров од ВМРО-ДПМНЕ денеска на прес-конференција изјави дека СДСМ и Заев на Кавадарци им го нудат истиот кандидат за градоначалник, Бетиан Китев, кој веќе еднаш беше поразен и за кого се виде што мислат кавадарчани.

– Владата на СДС и Заев немаат ништо направено за Кавадарци и Кавадарчани. Кавадарци е земјоделски град. Кавадарчани видоа дека Зоран Заев е човекот кој од опозиција ветуваше подобри услови за земјоделците и субвенции, сега од позиција на премиер, јавно кажува дека нема да има субвенции за оние земјоделци кои нема да остварат поголемо производство од претходната година. Ова е голем удар за земјоделците. Ова е голем удар за регионите како нашиот каде цели фамилии егзистираат од земјоделие. Ова значи дека оние земјоделци кои макотрпно работат во текот на целата година и нивниот род биде уништен или намален од временска непогода, истите нема да можат да прикажат раст на производство и со тоа нема да можат добијат субвенции, рече Лазаров.

Според него, со самото доаѓање на власт покажа колку им се значајни земјоделците и земјоделските региони како нашиот, тие скратиле 387 милиони денари од буџетот за земјоделие, пари наменети за раст и развој на земјоделието.

– Кавадарчани до сега од СДС видоа само кратење и блокирање на проекти. Владата на ВМРО-ДПМНЕ потпиша договор за инвестиција вредна 35 милиони евра во Кавадарци. Дрекселмаер е фабрика во која се произведуваат кабелски инсталации за новата серија Мерцедес Ц класа и која има вработено 5.800 лица. Наспроти ова владата на СДС отвори војна против странските инвеститори. Тоа ја доведува во прашање и инвестицијата која значи живот за многу семејства во Кавадарци и околината. СДС и Заев немаат ниту еден реален проект кој можат да го понудат за Кавадарци и за подобрување на квалитетот и стандардот на Кавадарчани. Бетиан Китев на локалните збори во 2013 година не ја доби довербата од Кавадарчани. Кавадарчани на локалните избори на 15-ти октомври нема да му ја дадат довербата на Бетиан Китев, рече Лазаров.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Поддршката на СДС и ДУИ за Коцевски ги фрла во вода сите нивни прес-конференции за Кочани

ВМРО-ДПМНЕ: Апасиев да каже колку пари зел од своите тогашни шефови, денес главни фигури во обвинителството?

ВМРО-ДПМНЕ: За ситни политички поени, СДС ја стави Македонија во пламен

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Коцевски да ја прими пораката на Собрание и да поднесе оставка

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Пријавите против Митовски покажуваат дека тој не е жртва, туку локален шериф кој тепа граѓани

ВМРО-ДПМНЕ: Владата продолжува со инфраструктурен развој на државата