Лазаров: Kој се тие што на соработниците на Жерновски им нуделе мито?

Од:

Советникот од ВМРО-ДПМНЕ во општина Центар, Томислав Лазаров го прашува градоначалникот на општина Центар Андреј Жерновски да одговори кои или кој се тие што на Андреј Жерновски и на неговите соработници им нуделе мито и бизнис соработка.

„Во правна држава неможете да кажете дека некој ви нудел мито, а потоа неколку денови со ред да се криете од јавноста. Жерновски или излажал или свесно ги заштитува тие што му нуделе мито, а со тоа станува нивен соучесник.Жерновски јавно не ги соопшти имињата, ниту пак, според нашите информации, ги пријави до надлежните институции фирмите или лицата кои наводно до него и неговите соработници им нуделе мито. Ние нема да дозволиме оваа скандалозна изјава на Андреј Жерновски да биде заборавена и да се третира како незначајна“ рече Лазаров.

Би можело да ве интересира

Горан „бетоњерка“ Герасимовски го турка планот за „Барутана“ на Водно: Чии интереси штити?

(ВИДЕО) Расправија на жители со работници во Центар: Уште во 5 часот изутрина вршат градежни работи

Горан Наумовски

Спасувачка акција на Пелистер: извлечен повреден со скршеници на нозете

Герасимовски, ако сакаш граѓаните да одлучат – распиши референдум за Барутана

Предраг Петровиќ

За стан од 50 квадрати во Центар платени 168.000 евра

А1он

Во стан во Центар е пронајден починат 62-годишен скопјанец