Лазаревска: СДСМ обезбеди средства за водоводи и канализации, на потег се градоначалниците

Од:

Пратеничката на СДСМ, Жаклина Лазаревска денеска при реплика во рамките на собраниската комисија за финансирање и буџет истакна дека не треба проектите да се дуплираат и преклопуваат.

– Изгласавме закон за задолжување од 50 милиони евра насочени за финансирање, рехабилитација, модерницазија, проширување и изградба на инфраструктура за водоснабдување, за собирање и третман на отпадни води, како што се канализациони мрежи, за атмосферска канализација и итни мерки за заштита од поплави, посочи Лазаревска.

Пратеничката Лазаервска додаде дека овие средства им се достапни до градоначалниците, а тие нека бидат иновативни, нека бидат работливи, нека сработат проекти, нека аплицираат и секој што ќе аплицира со проект ќе си го најде своето место во овие 50 милиони евра, кои државата ги позајми, за да може на локланите единици да им помогне во развој на канализационата и водоводната инфраструктура.

Лазаревска истакна дека со поднесување амандмани за пречистителни станици и канализациони мрежи опозицијата сака да прикаже дека и се одбиваат амандмани, за канализациски мрежи и за пречистителна станица во Трпејца, на која во моментов веќе се работи, а се работи студија и за Љубљништа и Радожда.

– Оваа власт предводена од СДСМ знае дека навистина на општините им е потребна помош и заради тоа на многу транспарентен начин, преку закон за задолжување има јавен отворен повик. Сега на потег се градоначалниците, ако ги бива ќе извлечат се што им е потребно за да ги направат и водоводите и прочистителните станици, но и канализационите мрежи, истакна пратеничката на СДСМ Жаклина Лазаревска.

Би можело да ве интересира

Собранието го констатираше престанокот на функцијата на обвинителот Коцевски

Катерина Ѓуровски

Предлог одлуката за разрешување на Коцевски пристигна во Собранието

Горан Наумовски

Собранието го донесе Буџетот за 2026 година

Се гонат само поранешни функционери, големите остануваат над законот, порачаа родителите на Комисијата за „Пулс“

Дополнетиот Предлог-буџет на пленарна седница

Собранието осветлено во портокалово во поддршка на кампањата „16 дена активизам против родово базирано насилство“