Лазаревска: Градоначалникот Бакрачески знаел за штетите, но не преземал ништо

Од:

Пратеничката од редовите на СДСМ, Жаклина Лазаревска го нападна градоначалникот на Охрид, Никола Бакрачески дека бил информиран за штетата која што му била нанесена на Охридското Езеро, но досега не презел ништо за да се спречи алармантното намалување на нивото на водата.

„Бараме од локалната власт под итно да го спречи екстремното повлекување на вода од Охридското Езеро заради производство на струја. Преку вчерашната реакција на Општина Охрид стана јасно дека градоначалникот Никола Бакрачески и неговите соработници знаеле за штетите што му се нанесуваат на езерото, но досега не презеле ништо за да го спречат алармантното намалување на нивото на водата.

Наместо да обвинува за политизација и партизација, локалната власт мора конечно да се зафати со работа и да преземе соодветни мерки преку кои ќе се спречи понатамошно влошување на состојбата со Охридското езеро.

Општина Охрид мора да најде начин да стави крај на опустошувањето на езерото кое, потсетуваме, е заштитено од УНЕСКО како светско природно наследство. Доколку Општината не преземе мерки за заштита на езерото, тогаш ќе се потврди дека локалната власта наместо да спречи, таа помага во уништувањето на Охридското езеро.

Уште еднаш укажуваме дека никој нема право да ги злоупотребува природните богатства на Република Македонија, за да покрива неодговорни политики.

Со промените што доаѓаат, ќе се стави крај и на несовесниот и неодговорниот однос кон Охридското Езеро. А одговорност ќе има и за секој кој сторил какво било уништување на природните богатства на Македонија“ изјави пратеничката Лазаревска.

Би можело да ве интересира

Жерновски: Фон дер Лајен му ја зеде лагата на Мицкоски за идентитетот – сега намерно разгорува тензии пред средбата во Бугарија

(ВИДЕО) Филипче: Фон дер Лајен ги разобличи лагите на Мицкоски за македонскиот идентитет

А1он

Каранфилова Пановска: Оризот се откупува за понижувачки 16 денари, оризопроизводителите не ги покриваат трошоците

СДСМ: Буџетот е пократок за осум милијарди денари, дупката ќе се крпи со нов кредит

ВМРО-ДПМНЕ: Ако Филипче има дилеми за атентатот на Глигоров нека си го праша Фрчкоски кој вдомен во штабот на СДС снима поткасти, а тогаш беше министер

СДСМ: 31 година од атентатот над Киро Глигоров, тогаш сакаа да ја запрат демократијата, на 27 април – повторно!