Лавров пристигна на Министерскиот совет на ОБСЕ

Од:

Шефот на руската дипломатија Серге Лавров пристигна на 30. Министерски совет на Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ), што се одржува во Скопје.

Лавров, кој беше пречекан од министерот за надворешни работи Бујар Османи, не даде изјава за медиумите при пристигнувањето.

За доаѓањето на шефот на дипломатијата на Руската Федерацијa Северна Македонија времено ги суспендира санкциите воведени од ЕУ за прелети на руски авиони поради руската агресија на Украина.

Авионот со кој рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров допатува во Скопје на Министерскито совет на ОБСЕ, прелетал преку воздушното пространство на Турција и на Грција, а не и на Бугарија, јавија руските медиуми. Менувањето на рутата за летот е поради одбивањето на бугарските власти да доволат прелет на авион во кој се наоѓа портпаролката на руското МНР, Марија Захарова. Летот траел повеќе од пет часа.

По потврденото присуството на Лавров, форумот решија да го бојкотираат министрите за надворешни работи на Украина Дмитри Кулеба, на балтичките земји – Естонија, Летонија и Литванија и на Полска.

На Министерскиот состанок се очекуваат одлуки за изборот на претседавач за 2024 година, за што на подготвителниот состанок на амбасадори на 57-те земји членки неделава во Виена е постигнат консензус тоа да биде Малта, а треба да се одлучува и за буџетот, како и за именувања за клучните позиции во институциите на ОБСЕ.

Руски медиуми пред неколку дена пренесоа дека Русија побарала од Северна Македонија, која претседава со ОБСЕ оваа година, да издаде визи за нејзината делегација за министерскиот состанок од 30 ноември до 1 декември. Русија, според руските медиуми, бара визи за 85 членови на руската делегација за учество на министерскиот состанок на ОБСЕ во Скопје. Во делегацијата ќе бидат рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров, „неговиот лекар, техничкиот персонал, обезбедувањето“, 17 дипломати и 24 новинари, наведуваат руски медиуми.

Би можело да ве интересира

Лавров: Европските лидери кои беа против прекинот на огнот се предомислија

Лавров: Спремни сме за нов договор за Црното Море ако Зеленски истиот го почитува

Западот сака да ја скроти Русија, тоа Наполеон и Хитлер веќе го пробаа

Путин го одликува Лавров на неговиот 75-ти роденден

Лавров: Не ме интересира ставот на ЕУ за Украина, имаме „нормални“ разговори со американски претставници

„Фирер“, така Лавров ја нарече претседателката на Европската Комисија

Горан Наумовски