Ласовска: Никогаш не било полошо во Република Македонија, а за тоа главен виновник е оваа криминална влада

Од:

Веќе трета недела во Собранието на Rепублика Македонија, во театарот Влада на нашата земја која што го приредува театарот се игра трагедијата леб и пиар забиберени со зборот ЕУ, истакна пратеничката Благица Ласовска, пратеничка на денешната собраниска седница.

Пратеничката во текот на своето обраќање ја објасни причината зошто оваа претставата која ја прави Владата се нарекува леб и пиар.

-Мораме да кажеме апатијата, резигнацијата е доминантно чувство на граѓаните на Република Македонија и најскапо платените пиарџии не 26.000 евра , 100.000 евра дневно да зимаат не можат за жал ова чувство кое што го имаме, надвор е неиздржливо. Не можат граѓаните крај со крај да фатат, со цените, со крахот на системите и затоа не им веруваат на скапо платените пиарџии, од таа причина ја нарекуваме претставата леб и пиар, рече таа.

Пратеничката Ласовска се осврна на целата ситуација во државата која и те како e лоша и потенцираше дека за тоа е виновна оваа влада. Таа додаде дека оваа влада е најнеспособна во овие 32 години.

-Излезете само надвор и да ги видите коментарите на граѓаните, да видите што велат тие за состојбата, за неиздржливоста на живеење и така натаму. Која институција да ја земеме да ја анализираме е трула, системот не функционира, имаме целосна нефункционалност на функциите, имаме револт кај сите, а особено кај младите е поголем па затоа имаме анкети во кои што ќе видиме поразителни статистики, 90% од младите сакаат да си заминат од државата што е рамно на егзодус. Никогаш не било полошо во Република Македонија и тоа не го вели ВМРО-ДПМНЕ, тоа го велат граѓаните на Република Македонија. Ваква неспособност досега за 32 години немало, се надевам дека и искрено верувам и ќе нема, порача Ласовска.

Би можело да ве интересира

Собранието го констатираше престанокот на функцијата на обвинителот Коцевски

Катерина Ѓуровски

Предлог одлуката за разрешување на Коцевски пристигна во Собранието

Горан Наумовски

Собранието го донесе Буџетот за 2026 година

Се гонат само поранешни функционери, големите остануваат над законот, порачаа родителите на Комисијата за „Пулс“

Дополнетиот Предлог-буџет на пленарна седница

Собранието осветлено во портокалово во поддршка на кампањата „16 дена активизам против родово базирано насилство“