Лариса Жулина – Митовски, најуспешен просветен работник во учебната 2017/18 година во Крива Паланка

Од:

На свечена академија по повод Денот на просветителите – 24 мај, во Крива Паланка синоќа беше доделено призанието – Најуспешен просветен работник во учебната 2017/18 година. Добитник на високото признание е професорката по музичко од основно општинско училиште „Јоаким Крчовски“, Лариса Жулина –Митовски.

Признанието се доделува прв пат годинава, а Жулина-Митовски е прв добитник на плакетата за најуспешен просветен работник во општината, во конкуренција на петмина пријавени наставници и професори од двете основни училишта во гардот, „Јоаким Крчовски“ и „Илинден“ и средното општинско училиште „Ѓорче Петров“.

Oд оваа година е воведена нова манифестација посветена на сесловенските просветители, браќата Кирил и Методиј, но и на сите просветни работници, со избор на најуспешен просветен работник на годината.

-Ова е само еден мал дел со којшто ние како локална самоуправа ќе оддадеме почит на делото на секој просветен работник, поттикнувајќи ги сите работници во образованието да се стремат да го направат столбот на едно општество, а тоа е образованието, на многу повисоко ниво од она што е сега во моментот.

Ако столбот на ова општество е образованието, рече Мицевски,обраќајки се на просветните работници – тогаш просветните работници се ср’жта на тој столб.

Лариса-Жулина Митовски е професор по музичко образование во ООУ „Јоаким Крчовски“, со освоени бројни меѓународни признанија и награди на бројни интернационални и национални натпревари по класична музика и натпревари за училишни оркестри, а од неодамна под нејзина раководна палка е и градскиот оркестар „Алегро“.

-Благодарност од мое име до сите кои беа вклучени во изборот за најуспешен просветен работник, со особена благодарност на иницијаторот за доделување на ова високо признание-градоначалникот, Советот на родители, наставничкиот совет и сите кои ме поддржаа. Ова признание им го посветувам на сите мои ученици, кои досега минаа низ мојата наставничка работа, работа која ме прави горда, среќна, а со нив и успешна, истакна Жулина –Митовски.

Академијата се одржа со богата свечена, музичко-сценска програма, на која настапија: камерно трио „Пламенка Трајковска“, балетско студио „Денс-мак“, Куманово, хорот при ООУ „Јоаким Крчовски“ во придружба на флејта од проф.Љупчо Тренчовски, актерката Елизабета Стефановска со монолог посветен на словенските браќа, ученици со поетски творби посветени на наставниците и младите актери од кривопалнечката гимназија.

Мицевски најави следната година да бидат воведени и две други категории на Свечената академија, учител на годината и најдобар ученик на годината.

Би можело да ве интересира

Градоначалникот на Крива Паланка да не се амнестира од проблемот со кравите, реагира АХВ

Уапсена е краварката од Крива Паланка по нарушување на јавниот ред

Горан Наумовски

„Сусурига 2026“ го оживеа културното наследство по повод празникот Прочка

А1он

Во несреќен случај загина 83-годишен мотоциклист

Горан Наумовски

(ФОТО) Крива Паланка пак е најубаво украсен град во Македонија

А1он

Камион излета од патот Деве Баир – Крива Паланка кај Самоков, сообраќајот во прекин

Горан Наумовски