Лани зголемен бројот на паркиралишта

Од:

Минатата година во Македонија се евидентирани 235 паркиралишта и гаражи како објекти за паркирање, со површина од 640.293 метри квадратни, објави денеска Државниот завод за статистика.

Според обработените податоци од истражувањето со кое се опфатени деловните субјекти за јавни паркиралишта и паркиралиштата на општините, 18.809 места за паркирање се на отворен простор, 3.404 места за паркирање има во покриените гаражи, а во катните гаражи 3.593.

Во споредба со 2013  година, бројот на паркиралишта и гаражи е зголемен за 20,5 проценти.  Во истиот период, бројот на местата за паркирање е зголемен за 30,8 проценти, во покриените гаражи зголемувањето изнесува 33,9 проценти, додека во катните гаражи, бројот на местата за паркирње е зголемен за 4,5 проценти.

За лица со посебни потреби во 2014 година имало 384 места за паркирање на отворен простор, во покриените гаражи 73, а во катните гаражи 33.

Би можело да ве интересира

Си оградил државно земјиште на Бит Пазар и си наплаќал паркинг – доби кривична

Бесплатно паркирање на дел од паркинзите во Скопје за Велигденските празници

Ана Ололовска

Велешанката со инвалидитет која плати казна за паркирање на место за инвалиди: Добив извинување, ама ќе се жалам

Орце Костов

Тепачка во Аеродром за паркинг

Бесплатен паркинг на затворените паркиралишта на ЈП „Градски паркинг“ при дарување крв

А1он

Се намалува цената на паркингот во Скопје

А1он