Лани во Македонија природен прираст од 3.930 лица

Од:

Бројот на живородени деца во Македонија лани изнесувал 23.138, а на умрени лица  19.208. Природниот прираст изнесува 3.930, објави денеска Државниот завод за статистика.

Во градските подрачја минатата година се регистрирани 13.259 живородени деца  (57,3 проценти  од вкупниот број живородени), наспроти 9.879 живородени деца (42,7 проценти) во селските подрачја.

Најголемо учество во однос на вкупниот број раѓања по региони, има Скопскиот со 34,8 проценти, а најмало Источниот регион со 6,7 проценти, објави денеска Државниот завод за статистика.

Просечната возраст на мајката при вкупниот број раѓања во градските подрачја изнесува 29 години, а во селските 27,4 години.  Просечната возраст кај првите раѓања во градските подрачја изнесува 27,6 години, а  25,3 во селските. При првото раѓање за 2,3 години е помлада мајката од  селските подрачја.

Според ДЗС, во 2013 година, бројот на умрени лица во градските подрачја изнесува 11.539 (60,1 проценти), наспроти 7.669 умрени лица (39,9 проценти) во селските средини. Најголемо учество во однос на вкупнот број умрени лица, по региони, има Скопскиот со 27,4 проценти, а најмало Североисточниот регион со 8,3 проценти. Во градските подрачја имало 131 умрено доенче и 106 во селските.

Просечната возраст на умрените лица во градските подрачја изнесува 71,6 години наспроти 72,6 години во селските, односно со поголема старост  се лицата умрени во селските подрачја.

Учеството во природниот прираст кај населението од градските подрачја изнесува 43,8 проценти наспроти 56,2 проценти од  селските подрачја. Во три региони има појава на негативен природен прираст: Пелагонискиот, Источниот и Вардарскиот регион, наведува Државниот завод за статистика.

Податоците за внатрешните миграции во рамки на Република Македонија покажуваат дека, вообичаено, поголем е бројот на преселби од село во град. Најголемо учество во вкупните миграции на ниво на регион од  село во град има Североисточниот регион со 44,3 проценти. Карактеристично за Полошкиот регион се меѓуселските преселби кои учествуваат со 66,2 проценти. Скопскиот регион во континуитет покажува позитивно миграциско салдо, како кај внатрешните, така и кај надворешните миграции.

Салдото на надворешните миграции е најголемо во Скопскиот регион, 820 лица, а најмало во Југозападниот регион – 256 лица и тоа претежно од градскиот дел, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Би можело да ве интересира

За една година затворени 14 училишта во Македонија: Намален е бројот и на паралелки и ученици

Александар Тодески

Лани поднесени обвиненија за половина од примените пријави за злоупотреба на лични податоци

Александар Тодески

Намален наталитет и негативен природен прираст во четвртиот квартал од 2023 година

Негативен природен прираст во 2022 година

А1он

Помалку починати во 2022, најмногу умрени во јануари, жените подлоговечни од мажите за 4,3 години

Ана Ололовска

Зголемен бројот на туристи