Лани повеќе се зборувало на мобилен

Од:

Во Македонија на крајот на вториот квартал се регистрирани 2.125.147 активни претплатници во мобилната телефонија, што претставува намалување за 0,28 проценти во однос на првиот кваратал годинава, а споредено со вториот квартал лани за 5,2 проценти, покажува извештајот на  Агенцијата за електронски комуникации за развојот на пазарот на електронски комуникации за вториот квартал.

Од вкупниот број, резиденцијални при-пејд претплатници се 1.115.003, а пост пеид 702.282, додека бројот на деловните пост-пеид претплатници изнесува 307.862.

Во вториот квартал лани е реализиран сообраќај од 1.294.917.078 минути, односно за 2,58 проценти повеќе споредено со истиот квартал минатата година. Испратени се 90.239.420 СМС пораки, кај кои има зголемување за 19,2 проценти, како и 250.131 ММС пораки каде се бележи зголемување од 1,18 проценти.

Би можело да ве интересира

Предлогот за измени во Законот за електронски комуникации усвоен од Комисијата за транспорт и врски

Жарко Настоски

АЕК: Брзината на мобилниот интернет повисока од минимално пропишаната

Емир Латифовиќ

Ивановски: Од 30 јуни драстично пониски цени во роаминг

Емир Латифовиќ

Гледачите на БоомТВ ќе продолжат без прекин да ги следат Fox, Fox Crime, Fox Movies, 24 Kitchen и Sport Klub каналите

Емир Латифовиќ

Новата компанија ќе се вика one.VIP

Емир Латифовиќ

Т-Мобиле им се извинува на своите корисници за техничкиот проблем

Емир Латифовиќ