Лајм: По грешка полицијата претресувала куќи во Арачиново

Од:

Четири куќи во кумановското село Липково по грешка биле претресувани од страна на 50 полицајци.

Акцијата била спроведена во вторник , во 5 часот наутро со околу 50 полицајци,  пренесува весникот на албански јазик „Лајм“.

Полицијата не нашла ништо во куќите и најверојатно полицајците ги претресувале околу 45 минути по грешка. Во акцијата била вклучена и куќата на на директорот на гимназијата „Исмет Јашари“  во Липково, Авди Алиу.

Еден од неговите синови, вели Алиу,  дури бил и држен врзан без причина и потоа му кажале дека било грешка и дека акцијата требало да се спроведе во домовите на нивни соседи.

Во куќите немало штета од претресот освен преплашените жени и деца како и постари луѓе. Алиу вели дека од полицијата ќе бара надомест за траумата што ја претрпеле.

„Акција е спроведена со цел да се проверат некои оперативни информации поврзани со евентуални кривични дела, но важно е дека ништо не е најдено`“, рекол  портпаролот на МВР, Иво Котевски за весникот „Лајм“.

Би можело да ве интересира

Кривична пријава против три физички и едно правно лице, го оштетиле буџетот на ЈП „Национални шуми“ за над три милиони денари

Клековски: Има злоупотреба кај секое петто боледување во МВР

Анакиев доби 30 дневен притвор

Предраг Петровиќ

Во тетовско Џепчиште уапсен 15 годишник за закани со убиства и поставување бомби

Полицијата интервенираше: Пет лица се поврзани со случаи на семејно насилство

Горан Наумовски

МВР: За две недели поднесенa e 21 кривична пријава за семејно насилство

Горан Наумовски