А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

Лајчак: Одлуката за Северна Македонија и Албанија е пресудна за проширувањето на ЕУ

by А1он30/08/2019 - 13:13203
Share0

Словачкиот министерот за надворешни работи, Мирослав Лајчак, предупреди дека престојната одлука за отворањето на пристапни преговори со Северна Македонија и Албанија ќе биде клучна за идното проширување на Европската Унија (ЕУ).

Следете a1on на Instagram Instagram

-Средбата во октомври ќе испрати силен сигнал. Ќе покажеме колку сме сериозни. Се надевам дека сме сериозни. Одлуката ќе има многу сериозни последици за идното проширување, предупреди Лајчак, пред неформалниот состанок на министрите за надворешни работи на ЕУ и нивните колеги од Западен Балкан кој се одржува во Хелсинки каде ќе се разговара за ситуацијата во регионот.

Меѓу поважните теми е можноста за започнување преговори за пристапување помеѓу Брисел и Скопје, и Тирана во светлина на одлуката на ЕУ во јуни, кога земјите-членки се обврзаа дека во октомври ќе донесат конкретна одлука за почеток на пристапниот процес.

Во врск со Србија, Лајчак оцени дека најавеното потпишување трговски договор со „проруската групација“ од страна на Србија е „збунувачка“ и пораче дека „не може да се оди во неколку насоки истовремено“.

Следете a1on на Youtube YouTube

Србија треба да потпише трговски договор со Евроазиската економска унија на 25 октомври, а Договорот за слободна трговија меѓу Србија и Русија постои од 2000 година.

Лајчак ја повика Приштина да ги укине таксите на српските производи и истакна дека реалноста е дека Косово не признато од пет членки на ЕУ.

eu

Би можело да ве интересира

Сали: ЕК испраќа позитивна порака, Македонија го следи патот кон ЕУ

Горан Наумовски26/08/2026 - 11:5826/08/2026 - 12:48

СДСМ: Стратешкото партнерство со САД оди заедно со членството во ЕУ

Горан Наумовски26/08/2026 - 09:2326/08/2026 - 09:35

ЕУ: Нема да има дополнителни 220 милиони евра грантова помош за Украина

Горан Наумовски21/08/2026 - 13:45

Ќе се лансираат американски ракети од европски лансери

Горан Наумовски19/08/2026 - 14:22

Мацинка: Чешка силно го поддржува што поскорото членство на Македонија во ЕУ

Горан Наумовски19/08/2026 - 12:21

Латвија бара седум милијарди евра од ЕУ поради прекинот на трговијата со Русија

А1он17/08/2026 - 17:22
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео