Лабудовиќ: Време е на 2 ноември да ја направиме промената во Центар

Од:

Кандидатот за градоначалник на Општина Центар од Движењето ЗНАМ – За наша Македонија, Мирослав Лабудовиќ упати повик до жителите на неговата општина да му ја дадат довербата на 2 ноември да ја води општината во следните четири години.

-Време е за промена во Центар. Резултатите од гласањето во првиот круг недвосмислено покажаа опозициско расположение во општината. Близу 2/3 од тие што излегоа на изборните места, гласаа против актуелниот градоначалник Горан Герасимовски. Затоа што сакаат промена на нештата, сакаат нешто ново, поинакво – а тоа значи нова визија, нова енергија, непресушна река на идеи и проекти за подобрување на секојдневниот живот на граѓаните. Но, и нивно активно учество во носењето на сите одлуки што во надлежност на општината, а значат суштинска промена – промена кон подобро за нив, порача Лабудовиќ.

Актуелниот градоначалник, според него, ако имаше што да понуди, ќе го правеше тоа во континуитет за сите претходни четири години.

-А, не на еден месец пред изборите да поправа реквизити од детски игралишта, на четири дена пред гласање да се слика со ракавици на рацете како чисти контејнери и други слично популистички активности – допадливи за око, но со кои не се решава ништо, посочува Лабудовиќ.

Лабудовиќ потенцира дека припаѓа на нова генерација политичари кои кога ќе дадат збор – истиот и го исполнуваат. Верува дека искуството од работење во реномирани меѓународни компании ќе биде пресудно во имплементација на вистински системски и одржливи решенија со кои ќе се надминуваат сите проблеми во Центар – не кампањски, туку долгорочно. Тој упати повик до поддржувачите на кандидатките кои испаднаа во првиот круг, Билјана Ивановска и Марија Среброва, но и до сите граѓани кои се уште се мислат дали да гласаат во вториот круг.

-Ги повикувам граѓаните да излезат што помасовно и да гласаат. Да го заокружат бројот 2. Само така ќе ја донесеме вистинската промена во Центар. Промена која ќе значи Центар да биде целосна спротивност од сегашната слика. Почиста, еколошки ефикасна, побезбедна, урбано и плански средена општина. Општина со светли улици, слободни тротоари, со нови катни гаражи и повеќе паркинг места. Општина која ќе биде шампион во транспарентност, нон-стоп достапна и отворена за граѓаните. Општина во која ќе „царуваат“ културата и спортот, во која од училиштата ќе направиме образовни оази, а на младите ќе им понудиме перспективност, повика Лабудовиќ.

Би можело да ве интересира

Намалена видливост поради магла на патниот правец Лисец – Попова Шапка, во Крушево и на планинскиот превој Плетвар

Филипче праќа писма до ЕУ: Мицкоски остварува руски интереси, ја саботира македонската интеграција

Предраг Петровиќ

МВР го расчисти денешното убиство во Охрид, уапсен 53 годишен жител на Брвеница

Кривична пријава против три физички и едно правно лице, го оштетиле буџетот на ЈП „Национални шуми“ за над три милиони денари

Доктор во јавно здравство заработил 700 илјади денари за еден месец

Предраг Петровиќ

Данците не се баук: Македонија има 0-0 на полувреме во Копенхаген