Лаборант од Детска клиника заразен со коронавирус, во карантин половина од вработените во лабораторија

Од:

Лаборант од Детската клинка во Скопје е позитивен на коронавирус, велат за „А1он“ извори од Клиниката. За него се дознало утрово кога екипа на епидемиолози дошле да направат анкета за контактите што ги имал.

Нашите извори велат дека половина од вработените во лабораторијата се ставени во карантин.

„Лаборантот најверојатно се заразил внатре во нашата Клиника, но се уште не сме сигурни дали од пациент или од придружба на пациент. Тој се движи по сите катови, зема крв од пациентите онаму каде што треба и има контакти со речиси сите вработени“, велат за „А1он“ извори кои инсистираат на анонимност.

Тврдат дека се до денес заразениот лаборант редовно доаѓал на работа и стравуваат дека има многу заразени ако се земе предвид периодот на инкубација од 14 дена пред да му се појават симптомите. Велат дека се исплашени и вработените и пациентите.

На прашањата за заразениот лаборант од Детската клиника добивме само кус одговор дека за два часа ќе има прес конференција.

Би можело да ве интересира

Регистрирани се нови 57 случаи на Ковид, четворица починати како последица на вирусот

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Се случи најлошото, почина пациентка која не била примена на интензивна нега на Инфективна клиника

Катерина Ѓуровски

Вкупно 250 случаи на Ковид-19 во јули во државава

Грип, ковид и инфекции на дишните патишта ги полнат амбулантите и болниците

Ковид-19 од денес е обична заразна болест, укинати и последните мерки за носење маски

A1on

Пендаровски го потпиша Указот за новиот Закон за амнестија за прекршоците во ковид кризата

Катерина Ѓуровски