КЗД ги следи можните нарушувања на правата на притворени лица во затворите

Од:

Комисијата за заштита од дискриминација (КЗД) вечерва преку соопштение укажува дека со внимание и загриженост ги следи информациите објавени овие денови во средствата за јавно информирање и на социјалните медиуми во врска со, како што се наведува, можните нарушувања на правата на притворени лица во затворите во државата.

Од Комисијата информираат дека во согласност со одредбите од Законот за спречување и заштита од дискриминација ги истражуваат сите достапни релевантни докази и евентуалната дискриминација.

КЗД ги повикува и другите надлежни државни органи, а особено Народниот правобранител и Постојаната анкетна комисија за заштита на човековите права и слободи при Собранието на Република Македонија подробно да ги истражуваат овие случаи и доколку има потреба да се ангажираат во насока на заштита на слободите и правата на граѓаните.

– Според Уставот и Законот за спречување и заштита од дискриминација, се забранува секоја директна или индиректна дискриминација, повикување и поттикнување на дискриминација и помагање во дискриминаторско постапување врз основа на пол, раса, боја на кожа, род, припадност на маргинализирана група, етничка припадност, јазик, државјанство, социјално потекло, религија или верско уверување, други видови уверувања, образование, политичка припадност, личен или општествен статус, ментална и телесна попреченост, возраст, семејна или брачна состојба, имотен статус, здравствена состојба или која било друга основа која е предвидена со закон или со ратификуван меѓународен договор, потсетуваат од Комисијата за заштита од дискриминација.

Би можело да ве интересира

Заврши драмата во рускиот затвор, објавија Русите: „Сите ги ликвидиравме“

Предраг Петровиќ

Левица: Корупцијата царува во затворите – животот во казнено поправните установи под секое човечко ниво

Раст на стапката на затворање во Македонија за 25,5 отсто

Русија ќе затвара затвори Краснојарск откако осудениците заминаа на фронтот

Горан Наумовски

„Министерката ми се закани дека ќе ме избрка“: Советничка во МОН била вознемирувана од Шаќири и Царовска

A1on

Извештај: Во борбата против тортурата и нехуманиот третман, препораките од година в година се исти