(ВИДЕО) Кузмановска: СДСМ да не се меша во домаќинлукот, во куќата на ВМРО-ДПМНЕ

Од:

Скандал на Комисијата за труд и социјална политика на која се дебатира по амандманот на опозицијата, зголемувањето на пензиите за 550 денари да важи не од март месец, како што предлага владата туку од први јануари.

Во жарот на убедување, пратеничката Бети Кузмановска од ВМРО-ДПМНЕ, изнесе податоци дека од 2006-та досега пензиите се зголемени за 38%. Според Кузмановска пензиите се зголемуваат само кога ВМРО-ДПМНЕ е на власт.

„Оставете ја оваа влада да си работи. Не може да се вклучувате во домаќинлукот во туѓа куќа. Ова е наша куќа, ние имаме мандат и ние ќе си ја спроведуваме нашата политка. Вие немате неделно туку дневно политиканство, рече пратеничката Кузмановска, претходно позната по изјавата дека е горд послушник на Груевски и чиј сопруг беше осомничен за аферата „Детонатор“.

Билјана Казанџиска и препорача да оди да се истушира за да се олади.

За Цветанка Иванова е несфатлива изјавата на Кузмановска дека Македонија била куќа само на ДПМНЕ.

„Македонија не е само на ВМРО-ДПМНЕ, Македонија е на сите граѓани“, реплицираше Иванова.

Весна Бендевска, праша за какво лицемерие говори ВМРО-ДПМНЕ. Им покажа документ и дел од Манифестот на ВМРО-ДПМНЕ за изборите во 2011-та, каде што стои дека ДПМНЕ ветува дека пензиите ќе ги зголеми за 5% од 1. јануари 2013-та година, а ова рече Бендевска, СДСМ го бара со амандман.

Го потсети министот Ристовски, дека во интервју дадено на почетокот на септември 2012-та, ветил дека од први јануари пензиите ќе бидат зголемени за 5%. Истиот министер на 24. септември изјавил дека од февруари 2013-та пензиите ќе бидат поголеми за 7%.

„Кој е Спиро Ристовски? Овој што ветуваше во изјави и интервјуа или овој што сега седи во Комисијата и бара зголемување на пензиите, не од први јануари туку од први март“, праша Бендевска.

Би можело да ве интересира

Мицкоски: Точно е дека како држава сме лидери во регионот и сме над европскиот просек

Собранието со 73 гласа „за“ го донесе Законот за Судски совет

Горан Наумовски

Мицкоски: Во фаза на потврда сме на три многу важни странски инвестиции – германска, грчка и турска во вредност од околу 120 милиони евра и 1.500 нови вработувања

Зекирја Таири од Коалицијата Влен, пратеник во Собранието на местото на Беким Сали

СДСМ: Усвоена Резолуција против демократијата

Собранието изгласа Резолуција за осуда на опозициските манипулации и нелегалната миграција

Горан Наумовски