Кузмановска: Битолчани сакаат стабилност, сигурност и континуитет

Од:

Чест ми е што ги застапувам граѓаните од една општина која е пример на заедништво и соработка на локалната самоуправа и Владата на Република Македонија. Битола предводена од градоначалникот на ВМРО-ДПМНЕ, Владимир Талески до сега покажа како треба да се исполнува дадениот збор, да се исполни она што е ветено и да се направи дури и повеќе од ветеното, рече пратеничката Лилјана Кузмановска.

Градоначалникот Талески, рече, со максимална поддршка од Советот на општина Битола успеа да постигне континуитет кој влева доверба и сигурност кај сите битолчани. Соработката со централната власт е клучна за една успешна општина каква што е Битола – пример дека самоиницијативноста и инвентивноста која се потпира на цврсти визии и аргументи секогаш ја добива поддршката од Владата на Република Македонија.

Поддршката од премиерот Никола Груевски, вели таа, во електрификацијата на Индустриската Зона Жабени беше клучна во создавањето поволни услови за странските инвеститори како Кромберг и Шуберт кои веќе обезбедуваат нови работни места . Да не го заборавиме булеварскиот влез во општина Битола, реконструкцијата на сите основни и средни училишта, над 50 километри инфраструктура, врвна медицинска опрема во вредност од 6 милиони евра во Клиничката болница, најсовремени лаборатории на факултетите, 4 спортски сали.

Би можело да ве интересира

Битолчанец сакаше да си ги убие децата, а нападна и полицајци во станица

Горан Наумовски

Уапсен е малолетник кој со „тико“ прегази битолчанец – возилото е одземено

А1он

Предвремени парламентарни избори во Јапонија – дали снегот може да ги расипе очекувањата?

Бурата како спас: Вентура бара одложување на вториот круг од претседателските избори во Португалија

76-годишна жена нова жртва на измама, остана без 7.000 евра

Кучиња-скитници тешко повредија двегодишно дете од Битола

Горан Наумовски