Кузеска: Во над 40 општини раководени од ВМРО-ДПМНЕ речиси и да нема ниту еден капитален проект

Од:

„Една и пол години од мандатот на градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ е доволен период да се заклучи дека тие се најнеспособните градоначалници досега. Во над 40 општини раководени од ВМРО-ДПМНЕ речиси и да нема ниту еден капитален, важен проект што е реализиран во овој период“, рече Богданка Кузеска, портпаролка на СДСМ.

„Но затоа има непродуктивно трошење на народните пари, задолжување на општините и поскапи комунални услуги за граѓаните.

Последна во низата општини кои ќе се задолжуваат е општина Прилеп која ќе издаде општинска обврзница од пет милиони евра, а за чие враќање со се камати ќе бидат потребни 7,5 милиони евра, пари од граѓаните.

Се задолжува и општина Гевгелија а претходно се задолжуваа и општините Аеродром, Гази Баба, Бутел…

Покрај тоа што ги задолжуваат општините, градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ удираат и по џебот на граѓаните.

Прилеп, Охрид, Велес, Зрновци, Штип се само дел од општините раководени од ВМРО-ДПМНЕ кои драстично ги зголемија цените на комуналните услуги за граѓаните.

Во општините предводени од ВМРО-ДПМНЕ нема реализирани проекти, но затоа има трошење на милиони евра за партиски вработувања во локалната власт и локалните комунални претпријатија.

Ова е учиникот на кадрите на ВМРО-ДПМНЕ и шпицниот градоначалник Христијан Мицкоски.

Една и пол година локална власт на ВМРО-ДПМНЕ е една година назадување на општините и долгови и поскапи услуги за граѓаните.

Разликата помеѓу одговорниот, чесен, домаќински пристап на СДСМ и деструктивното расипничко однесување на ВМРО-ДПМНЕ е јасна и очигледна“, изјави Богданка Кузеска, портпаролка на СДСМ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Димковски: Алармантно, над 20 милиони килограми грозје стои неоткупено

СДСМ: Кој ќе одговара што институциите не ги предупредија луѓето, ги оставија да дишат штетни отрови и не ги евакуираа?

Филипче: Во Кочани, кај семејствата, полицајци, влегуваа кај семејствата после пожарот, да нема протести, да нема никаква организација

СДС наместо да ја пофали мерката за 400 пожарникари, ја злоупотребува за политичка кампања, велат од ВМРО-ДПМНЕ

(ВИДЕО) Кузеска: Време е власта да одговара и за пожарите и за еколошката катастрофа

Вистинската опасност за здравјето и безбедноста на граѓаните се СДС и ДУИ, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Горан Наумовски