Кузеска: СДСМ нема да дозволи да се блокира државата заради фотелјата на Мицкоски

Од:

Со политиките реализирани од СДСМ, државата е стабилна и сигурна, успешно се справува со предизвиците од најголемата светка и економска криза. Додека СДСМ успешно менаџира со кризата, спроведува мерки вредни 400 милиони евра за помош на граѓаните и компаниите, ВМРО-ДПМНЕ се обидува да блокира рече на прес конфернција портпаролката на СДСМ Ногданка Кузеска.

– Деструкцијата на Христијан Мицкоски е обид да се загрози нормалното функционирање на институциите во време на најголема светска криза и да се закочи државата, да се предизвикаат проблеми. Помина една недела, Собранието и покрај обидите да блокади на Мицкоски функционира. Ништо не се постигна освен што се одолговлекуваше дневниот ред, се создаваше хаос на седниците. ВМРО-ДПМНЕ не доби ништо.ВМРО-ДПМНЕ така се однесуваше и кога државата се справуваше со последиците од пандемијата со ковид 19, и кога се носеа пакетите за помош, така се однесувше и кога СДСМ ја покачуваше минималната плата, пензиите вели Кузеска.

Би можело да ве интересира

Владата уверува дека нема недостиг на гориво, предлозите на опозицијата ги отфрла како несериозни

Филипче предлага намалување на ДДВ-то за горивата од 18 отсто на 5 проценти, намалување на акцизата за 4 денари и нула ДДВ за храната

Жерновски вели дека Мицкоски многу лаже, ВМРО-ДПМНЕ го нарече измеќар, неуспешен политичар и дипломат

Катерина Ѓуровски

СДСМ се приклучува на протестот против насилството врз жените, маршот за 8 Март откажан

Горан Наумовски

Филипче: Стратешките одлуки на СДСМ ја обезбедија евроатлантската интеграција

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Филипче: САД треба да знаат дека власта во Македонија има карактеристики како режимите во Иран и Венецуела