Кузеска: Раководството на СОНК им прави штета и на штрајкувачите

Од:

Одбивањето на предлогот за зголемување на платите во образованието од страна на раководството на СОНК, наликува на политички мотивирано дејствување и уценување на штета на учениците рече на прес конференција портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска.

– Владата излезе со конкретен предлог за зголемување на платите во просек од 2.500 до 3.000 денари и создавање на нова методологија која ќе обезбеди континуиран раст на платите во образованието и детската заштита согласно економските движења во државата. Според Законот, рокот за зголемување на платите е шест месеци, а повисоката минимална плата беше исплатена за месец март. Истовремено, раководството на СОНК треба да биде искрено кон штрајкувачите кога станува збор за исплата на плати за време на штрајкот.Во ставот два од членот 54 од Колективниот договор стои дека Работодавачот е должен да исплати придонеси од плата за време на штрајкот за работниците кои учествувале во штрајкот, доколку синдикатот организирал штрајк заради зголемување на правата на работниците вели Кузеска.

Би можело да ве интересира

Филипче: Стратешките одлуки на СДСМ ја обезбедија евроатлантската интеграција

Горан Наумовски

СДСМ: Мицкоски Ad hominem, De Facto – De Jure Вучиќ

СДСМ: Мицкоски, граѓаните имаат мозок – Македонија сака во ЕУ

А1он

СДСМ: Тендер коалицијата ВМРО-ОКГ/ЗНАМ против работниците

СДСМ: Домашниот притвор за Груби е доказ дека правдата е погребана

(ВИДЕО) Цветков: Минималната плата не е само бројка, илјадници семејства тонат во сиромаштија