Кузеска: Пецаков доделил пари на клуб во којшто е основач, нов скандал со градоначалниците на ДПМНЕ

Од:

Градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков, доделил пари на ракометен клуб во кој самиот тој е основач. Над 250 илјади евра се исплатени на ГРК Охрид од општина Охрид како директна поддршка вели портпаролката на СДСМ Богданка Кузеска.

– Овие суми ги потврдува и Службениот гласник на општина Охрид број 14 од 28.12.2023 година. Сопственик на ГРК Охрид АД Охрид е РК Охрид 2013 каде основач на ракометниот клуб е токму градоначалникот Кирил Пецаков. Значи Пецаков преку општината индиректно си префрла пари на самиот себе си. Директор на ГРК Охрид е Славчо Ристески, десна рака на градоначалникот Пецаков, воедно вработен во ЈП Охридски комуналец. Дали е ова случај на судир на интереси треба да утврди Државната комисија за спречување корупција. Надлежно обинителство пак треба да утврди дали е прекршен кривичниот законик бидејќи градоначалникот доделил средства на клуб којшто е токму тој основач, рече Кузеска.

Би можело да ве интересира

Кузеска: Власта да не го игнорира загадувањето, да ги прифати и да ги реализира мерките на СДСМ

(ВИДЕО) Кузеска: Христовски нема сертификат од НАТО, уште една лага на власта

А1он

Кузеска: ДПМНЕ го пушти Груби да избега и целосната одговорност е кај нив

СДСМ: Полицаецот кој го пропушти Груби истиот ден зел боледување, Тошковски лаже дека е суспендиран

Катерина Ѓуровски

Кузеска: Скандалозен е изборот на сопругата на градоначалникот на Радовиш за членка на Судскиот совет

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Ги отрфламе злонамерните шпекулации за седницата на ЦО излезени од кујната на ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски