Кузеска: Мицкоски води теснопартиски интереси и слугува на туѓи држави

Од:

На македонскиот јазик му се заканува бришење од Извештајот на Европскиот парламент. Доколку тоа се случи ќе има само еден виновник – Христијан Мицкоски. Никој друг. Мицкоски свесно ја отвори веќе затворената дебата за македонскиот јазик во ЕУ, со што директно го загрози она што еднаш беше постигнато – признавањето на македонскиот јазик како единствен и автентичен јазик на македонскиот народ во Европската Унија, изјави Богданка Кузеска, портпаролка на СДСМ.

„Ова не е грешка. Ова е намерен, политички пресметан чекор со кој Мицкоски, воден од теснопартиски интереси и слугување на туѓи држави, повторно ја доведе државата и македонскиот народ во понижувачка ситуација.

Мицкоски не може да впери прст кон никого за поразот што Македонија повторно го доживува во Брисел. Токму тој и неговиот пријател Андреј Ковачев, со кого заеднички работат на блокирање на европската перспектива на македонските граѓани, се виновни за ова. Неговата координирана акција со Андреј Ковачев и европратениците од ЕПП резултираше со тоа што денес повторно ни се оспоруваат јазикот и идентитетот. Повторно нè вратија таму каде што веќе бевме поминале – во борба за основни национални права.

СДСМ, преку договорот за ФРОНТЕКС и Преговарачката рамка, ја извојува најчистата победа за македонскиот јазик. Договорот Фронтекст е документ потпишан на чист македонски јазик, без фусноти, без придавки, без ѕвездички. Во преговарачката рамка стои јасно македонски јазик.

Ова е победа која никој не можеше да ја оспори. Но наместо да ја поддржи, Мицкоски не работи за Македонија.

Во отсуство на резултати, неспособен да испорача за граѓаните, Мицкоски денес единствено што прави е да ги претвора победите во порази. Ја турка Македонија во амбисот на криминалот, корупцијата и самоволието, киднапирајќи ја европската иднина на државата.

Мицкоски треба веднаш да се извини пред македонскиот народ и да сноси политичка одговорност за тоа што го избриша македонскиот јазик од извештајот на Европскиот парламент, рече Кузеска.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Милионските вмровски шеми во Еразмус+ мора да бидат расчистени и да следи одговорност

(ВИДЕО) Манасков: СДСМ со нови детали за скандалот со директорката – Кој стои зад вмровските шеми во Еразмус+?

(ВИДЕО) Јанковиќ: Нов скандал во Националната агенција Еразмус, Ана Михајлов осомничена од ОЛАФ назначена за в.д директорка?

(ВИДЕО) Битиќи: Срам за Владата, работниците и пензионери не се виновни за поскапувањата

Горан Наумовски

СДСМ: Се партизира секоја позиција, па дури и личните асистенти за децата со посебни потреби

СДСМ: Обвинителство да поведе кривична постапка за началникот Роберт Мартиноски и да ја прошири истрагата