Кузеска: Мицкоски да поднесе оставка после сите признанија и судски одлуки за криминалите на ВМРО-ДПМНЕ

Од:

Признанијата на вина пред судовите на функционери од врхушката на ВМРО-ДПМНЕ се недвосмилена потврда како оваа партија ја злоупотребила власта и дејствувала како злосторничко здружение. Проговорија како биле искористени сите начини, средства, како биле злоупотребени институцииите, не за да им се помогне на граѓаните, не за да се решат проблемите, само и само од коруптивни причини, за лично богатење рече на прес конференција портпаролкат на СДСМ Богданка Кузеска.

– Министерот за транспорт и врски од ВМРО-ДПМНЕ, Миле Јанакиевски пред судот призна дека криминална била набавката на 200 кинески автобуси во Скопје, случај во кој се злоупотребени 5 милиони евра. Мотивот бил коруптивен и ништо друго. Пред неколку дена, имаше уште едно признание за вина во случајот Титаник од страна на Гордана Јанкуловска, поранешен генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ и Мартин Протуѓер, шеф на кабинет на Груевски и исто така генерален секретар. Со години била газена волјата на граѓаните и нивното изборно право, уценувале, местеле, злоупотребувале. Тројца генерални секетари на ВМРО-ДПМНЕ се вмешани во овој случај. Високата функционерка на ВМРО ДПМНЕ Елизабета Чингаровски исто така призна вина за незаконското финансирање на партијата, случај познат како Талир. Христијан Мицкоски треба да се огради, да побара одговорност од сите и да поднесе оставка, вели Кузеска.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Младеновска: Црни владини кампањи како обид за прикривање на реалноста

(ВИДЕО) Филипче: Владата на Мицкоски ја загрози егзистенцијата на земјоделците

(ВИДЕО) Мицкоски: После следните избори СДСМ ќе биде маргинална политичка партија

(ВИДЕО) Огњеновиќ: Владата да најде решение и УЈП да ги ослободи студентите од данок за „Work and Travel“

СДСМ поднесе иницијатива до Уставен суд за Законот за внатрешни работи

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Поповиќ: Колку треба да поскапи лебот за Мицкоски да преземе мерки?