Кузеска: Кандидатите за градоначалници на ВМРО-ДПМНЕ не се нови туку од времето на Груевски

Од:

Портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска, вели дека не само што не се нови, туку огромен дел од кандидатите за градоначалници кои ВМРО ДПМНЕ денеска ги презентираше се од времето на Груевски кои или биле кандидати за советници или имале државни функции на локално или централно ниво.

„ВМРО-ДПМНЕ се уште нема свој кандидат за градоначалник на Град Скопје, додека во општина Центар поддржува кандидатка на мал коалиционен партнер. Тоа покажува колку е мала довербата на граѓаните во ВМРО-ДПМНЕ, во главниот град.

Очигледно е дека ниту самиот Мицкоски не верува во оваа понуда, па затоа денеска побегна од јавноста и објавувањето на кандидатите, му го препушти на Александар Николовски, аѓутантот на Груевски.

Во многу општини не се кандидирани личностите со највисок рејтинг меѓу нивните кандидати, туку се поставени оние со многу помала поддршка од граѓаните“, изјави Кузеска.

Според неа, СДСМ е фаворит и победник на локалните избори, бидејќи тоа го покажувале анкетите.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Две недели нема лекови на Онкологија – пари за тендери има, за живот нема

(ВИДЕО) Филипче: Поскапува храната, наместо мерки за граѓаните владата на Мицкоски со нов дефокус

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

СДСМ: Цените растат, а Владата на Мицкоски не прзема ништо – профитира бизнисот на ВМРО

СДСМ: Власта да ги прифати законските решенија за намалување на цените

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО