Кузеска: Економските мерки на Владата даваат резултати, спасени се илјадници работни места

Од:

Досегашната реализација на пакетите економски мерки со цел полесно справување со последиците предизвикани од коронавирусот, ги дадоа очекуваните резултати. Четирите пакети економски мерки коишто ги реализараше владата предводена од СДСМ обезбедија поддршка на стопанството, на граѓаните погодени од коронакризата и обезбедија услови за брзо опоравување на економијата рече на прес конференција портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска.

„Позитивни сигнали покажуваат дека економијата заздравува, а потврда за тоа се позитивните тековни економски движења како високиот раст на извозот, растот на трговијата, зголемениот број на кредитирањето и раст на просечната плата. Буџетските приходи се повисоки во однос на периодот пред кризата. Растот на вкупните приходи е 4,4% а 5% е растот на даноците и придонесите. Во тек е реализација на мерките од петтиот и шестиот пакет кои треба да дадат дополнителен придонес во подобрување на економскиот резултат. Во 2020 поддржани се над 840 компании со повеќе од 65 милиони евра, а со над 17 милиони евра поддржани се 400 инвестициски компании со директна поддршка“ – рече Кузеска.

Би можело да ве интересира

Филипче предлага намалување на ДДВ-то за горивата од 18 отсто на 5 проценти, намалување на акцизата за 4 денари и нула ДДВ за храната

СДСМ се приклучува на протестот против насилството врз жените, маршот за 8 Март откажан

Горан Наумовски

Филипче: Стратешките одлуки на СДСМ ја обезбедија евроатлантската интеграција

Горан Наумовски

СДСМ: Мицкоски Ad hominem, De Facto – De Jure Вучиќ

СДСМ: Мицкоски, граѓаните имаат мозок – Македонија сака во ЕУ

А1он

СДСМ: Тендер коалицијата ВМРО-ОКГ/ЗНАМ против работниците