Кузеска: 55.000 евра месечно граѓаните ги чинат пратениците на ВМРО-ДПМНЕ за неработење

Од:

Над 55.000 евра месечно ги чинат граѓаните неработењето на пратениците на ВМРО-ДПМНЕ. Само за основни плати пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ граѓаните ја плаќаат 40.000 евра месечно рече на прес конференција протпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска.

– Дополнителни 15.000 евра добиваат за патни трошоци. Исто така врз грбот на граѓаните. Тоа се над 55.000 евра месечно народни пари кои ги добиваат пратениците на ВМРО-ДМНЕ од граѓаните. Гледаме дека пратениците на ВМРО-ДПМНЕ не влегуваат на седници, не закажуваат седници на комисии кои ги водат, односно не работат ништо во интерес на граѓаните. Оваа пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ е најдеструктивната пратеничка група која работи на штета на граѓаните и државата, кој по налог на Никола Груевски го спроведува Мицкоски. СДСМ заедно со парламентарното мнозинство ќе се спротивстави на овие блокади и ќе најде начин, согласно сите законски и деловнички можности, да ги донесе законите кои се од интерес на граѓаните вели Кузеска.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Младеновска: Црни владини кампањи како обид за прикривање на реалноста

(ВИДЕО) Филипче: Владата на Мицкоски ја загрози егзистенцијата на земјоделците

(ВИДЕО) Мицкоски: После следните избори СДСМ ќе биде маргинална политичка партија

(ВИДЕО) Огњеновиќ: Владата да најде решение и УЈП да ги ослободи студентите од данок за „Work and Travel“

СДСМ поднесе иницијатива до Уставен суд за Законот за внатрешни работи

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Поповиќ: Колку треба да поскапи лебот за Мицкоски да преземе мерки?