Поранешниот шеф на УБК, Сашо Мијалков бил главна причина за драмата која настанала во четвртокот на аеродромот Никола Тесла во Белград, кога во неговата торба бил пронајден пиштол, пишуваат српските медиуми.
Она што е најчудно е дека оружјетот било во авионот на летот од Скопје до Загреб, а пиштолот бил откриен дури на аеродромот во Белград.
„Човекот беше прилично мирен, не правеше проблеми кога му беше пронајдено оружјето. Се правдаше дека заборавил да го остави и дека на аеродромот во Скопје не го ни контролирале, што на сите им беше чудно.
А изненадувањето следуваше кога беше откриено дека вооружениот маж е всушност Сашо Мијалков, довчерашен шеф на македонската УБК, кажал извор од Србија за Курир и додал дека станува збор за најмоќната фигура во Македонија, посебно поради врските што ги има со политичарите“, пишува српски Курир.
Извори од белградскиот аеродром за Фокус ја потврдуваат веста и дополнуваат дека подоцна Мијалков бил пуштен, откако се утврдило кој е и откако интервенирале повисоки полициски старешини.