Куновска: Власта не ги есапи хероите

Од:

Советничката група на СДСМ од Град Скопје бара власта да ги обнови исчезнатите споменици на хероите од НОБ во градскиот парк.

„Ова е местото каде што би требало да се наоѓаат бистите на хероите од Народноослободителната борба, Орце Николов и Цветан Димов. Покрај нив, во Градскиот парк долго време недостигаат и бистите на Коле Неделковски и Крсте Мисирков, a во слична состојба се наоѓаат многу други вакви обележја, низ целата држава. Во целиот процес на манијакално трошење милиони евра за нови споменици, меѓу другото и на контроверзни лица од историјата, но и на митолошки ликови, животни, огради со орнаменти и декорации, власта не почуствува потреба да одговори на повиците за обнова на вандализираните бисти на народните херои од НОБ.

Бидејќи бевме убедени дека еден таков потфат, кој упорно одбиваат да го направат, нема да чини ни колку пелената на Прометеј, а секако помалку од оние „тажни врби“ се распрашавме и добивме информација дека постојат фирми кои би изработиле соодветни бисти, не за милион, не за сто илјади, туку за само илјада евра. Сите ќе се сложиме дека тој износ е занемарлив ако споредиме колку пари беа фрлени на небулозни работи.

Неумесно поставениоот споменик на АСНОМ во Жена парк, во оној кич од бронза кој го истурија на таа локација, без никаков ред и смисла, не го прифаќаме како оправдување на власта, дека ете направиле нешто и за хероите од тој период. Бистите кои беа и секогаш треба да се овде, се посветени на исклучително значајни личности од нашата историја, чии дела се потврдени, а нивните животи се вложени во идејата и борбата за Македонија. Овие обележја не смеат да бидат обезглавени, исто како што не смее да се гази врз споменот на нивното дело.

Затоа уште еднаш, ја повикуваме министерката за култура и другите надлежни институции, во најкус рок да ги вратат бистите на сите херои и да најдат начин да ги заштитат и одржуваат овие важни обележја“, рече Софија Куновска.

 

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Пожар во куќа зад Универзална сала

Катерина Ѓуровски

Се судрија две возила, во сообраќајката повредена е малолетничка од Скопје

Комшија чува кокошки во зграда во Скопје, не знаат каде да пријават – законот јасен, ни маче и куче не смее да се чува на тераса

Анита Петровска Рајковиќ

Уапсени двајца скопјани затекнати како се дрогираат во стан на дилер од Скопје – уапсен и дилерот

Четири лица нападнале и тешко повредиле скопјанец

А1он

Сообраќајка во Скопје, тешко повреден пешак