Куновска се сретна со жителите од урбаната заедница „Владо Тасевски“

Од:

Кандидатот за градоначалник на општина Карпош од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „За подобра Македонија“ Јагнула Куновска вечерва се сретна со жителите од урбаната заедница „Владо Тасевски“.

– Ги знам вашите локални проблеми. Проблемот кој го имате со паркирањето околу зградата на Агенцијата за катастар ќе го решам со изградба на катна гаража. Ви ветувам и ве уверувам дека во Карпош нема да има зонско паркирање, изјави Куновска.

Најави дека ќе се залага за реновирање на фасадите на старите згради, за изградба на нови детски игралишта и кошаркарски терени. Ќе работи и на осветлување и реконструкции на општинските улици.

Куновска побара уште еднаш од актуелниот градоначалник Стевчо Јакимовски да даде отчет. Според неа, Јакимовски на митинг извадил само една програма која, како што рече, е голема фарса бидејќи во неа нема ниту рок, ниту пак финансика издржаност.

Би можело да ве интересира

Можни резултати од унгарските избори, и што секој од нив ќе значи

(ВИДЕО) Мицкоски: На следните избори „мекотелните политичари“ ќе заминат во историјата

Вучиќ ги соопшти резултатите од локалните избори: Тоа е тоа 10:0

Горан Наумовски

Социјалистот Емануел Грегоар е новиот градоначалник на Париз

Јанша не е среќен по поразот на словенечките избори

Горан Наумовски

Предвремени парламентарни избори во Јапонија – дали снегот може да ги расипе очекувањата?