Куновска порачува фер избори и чесна борба

Од:

Кандидатот за градоначалник на ВМРО-ДПМНЕ за општина Карпош Јагнула Куновска пред жителите во Нерези порача дека таа ќе биде идниот градоначалник на општината, бидејќи освен од членството има масовна поддршка и од голем број неопределени гласачи. Сака фер избори со културни луѓе, а не со властољубци кои манипулираат со граѓаните.

– Јас сум за чесна борба, но за тоа мораш да имаш и чесни противкандидати, рече Куновска во врска со нападите на двајцата противкандидати во општината Стевчо Јакимовски и Андреј Петров.

Ги претстави проектите што планира да ги реализира и истакна дека за сите проблеми со кои се соочуваат граѓаните, а кои ги искажале на средбите досега, има решение, само ако се има слух, добра волја и намера да се решат.

– За секој проблем има решение. Во Карпош не чека борба, борба која самите мораме да ја поминеме ако сакаме и во нашата општина да има издржани капитални проекти. Јас сум народски, теренски човек, а не кабинетски и таква ќе останам и кога ќе седнам на градоначалничката фотелја. И тогаш ќе бидам меѓу вас, бидејќи на тој начин се дознаваат и решаваат секојдневните проблеми, рече Куновска.

На митингот во Нерези се обрати и вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески кој најави дека од понделник жителите на Нерези ќе добијат автобуска линија, која ќе сообраќа до Горно Нерези.

Би можело да ве интересира

Ана Брнабиќ се обрати до ЕУ поради студентски предизборен спот: „На Вучиќ му се закануваат со силување“

Мерц по поразот: „Повеќе немаме задоволителни одговори на премногу прашања“

ДУИ: Ја поздравуваме подготвеноста на ВМРО-ДПМНЕ за предвремени парламентарни избори

Предраг Петровиќ

Илјадници луѓе ширум Србија чекаат во ред да ја поддржат листата „Александар Вучиќ – Обединета Србија“

Вучиќ: Ќе поднесам оставка на 25 или 26 септември, во кампањата ќе настапам како обичен граѓанин

Горан Наумовски

Мицкоски: Нека поднесе опозицијата барање, ќе одиме на избори и ќе победиме