Куновска: Петров ветува проекти кои веќе се започнати

Од:

Кандидатот за градоначалник од ВМРО-ДПМНЕ за Карпош Јагнула Куновска го обвини кандидатот за градоначалник од СДСМ за оваа општина Андреј Петров дека нема печатена и пишана програма и оти само ветува проекти изговарајќи фрази без основа.

– Лесно му е да шета од населба во населба и само да ветува, односно да изговара фрази. Петров имаше прес-конференција во која вели дека ќе воведе задолжителни часови по пливање. Во ред, но треба да знае дека од септември минатата година, задолжителни часови по пливање се воведени по иницијатива и соработка на Владата и градот Скопје, рече Куновска.

Таа истакна дека Петров треба што поскоро да извади програма, бидејќи како што рече, утре доколку тој стане градоначалник да одговара за тоа што исполнил, како и за тоа што не го реализирал.

Би можело да ве интересира

Можни резултати од унгарските избори, и што секој од нив ќе значи

(ВИДЕО) Мицкоски: На следните избори „мекотелните политичари“ ќе заминат во историјата

Вучиќ ги соопшти резултатите од локалните избори: Тоа е тоа 10:0

Горан Наумовски

Социјалистот Емануел Грегоар е новиот градоначалник на Париз

Јанша не е среќен по поразот на словенечките избори

Горан Наумовски

Предвремени парламентарни избори во Јапонија – дали снегот може да ги расипе очекувањата?