Куновска најави реконструкција на фасади, замена на азбестни покриви и преглед на лифтови

Од:

Реконструкција на руските и романските згради со термички фасади во Карпош ветува кандидатот за градоначалник на оваа општина Јагнула Куновска од коалицијата „За подобра Македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ.

На денешната прес-конференција потенцира дека ќе бидат опфатени 104 фасади на станбени згради  во кои живеат 15.000 жители, за што ќе бидат обезбедени 185 милиони денари. Проектот треба да се реализира во периодот 2013-2016 година.

Куновска додаде дека се планира замена на азбестните покриви. Овој проект вреден 60 милиони денари кои ќе се обезбедат  од буџетот на Општината, а ќе биде реализиран во периодот од 2013- 2016 година.

Покрај ова се планира и проект за годишен технички преглед на лифтовите во општина Карпош. Со овој проект ќе бидат опфатени 200 лифтови, а од буџетот ќе бидат одвоени 1,2 милиони денари. Рокот на реализација е 2013-2017 година, рече Куновска.

Би можело да ве интересира

Можни резултати од унгарските избори, и што секој од нив ќе значи

(ВИДЕО) Мицкоски: На следните избори „мекотелните политичари“ ќе заминат во историјата

Вучиќ ги соопшти резултатите од локалните избори: Тоа е тоа 10:0

Горан Наумовски

Социјалистот Емануел Грегоар е новиот градоначалник на Париз

Јанша не е среќен по поразот на словенечките избори

Горан Наумовски

Предвремени парламентарни избори во Јапонија – дали снегот може да ги расипе очекувањата?