Куновска: Индустриска зона Лепенец и гасификација на Карпош

Од:

Кандидатот на Коалицијата „За подобра Македонија“, предводена од ВМРО-ДПМНЕ Јагнула Куновска, денеска на прес-конференција пред Општинскиот изборен штаб во Тафталиџе презентираше два од 117-те проекти кои се содржани во нејзината изборна програма.

– Првиот е отворање индустриска зона Лепенец која ќе се протега по улицата Скупи во делот на автосалоните. Со овој проект ќе се овозможи влез на домашни и странски инвеститори кои се заинтересирани за изградба на производствени капацитети и отворање нови работни места. Рокот за реализација е 2014-2016 година, рече Куновска.

Вториот капитален проект за кој таа денеска информираше е гасификација на општина Карпош.

– Со вклучување на Република Македонија во проектот Јужен тек и во проектот за развој и за проширување на националната гасоводна мрежа ќе се овозможи гасификација на Карпош и пониски трошоци за енергенти. Рокот за реализација е декември 2016 година, истакна Куновска.

Би можело да ве интересира

Можни резултати од унгарските избори, и што секој од нив ќе значи

(ВИДЕО) Мицкоски: На следните избори „мекотелните политичари“ ќе заминат во историјата

Вучиќ ги соопшти резултатите од локалните избори: Тоа е тоа 10:0

Горан Наумовски

Социјалистот Емануел Грегоар е новиот градоначалник на Париз

Јанша не е среќен по поразот на словенечките избори

Горан Наумовски

Предвремени парламентарни избори во Јапонија – дали снегот може да ги расипе очекувањата?