Куновска гледаше фудбал со жителите на Карпош

Од:

Јагнула Куновска, на денешниот мини митинг во населбата Карпош 2, ја претстави својата програма.

Таа им се извини на сите љубители на фудбалот кои поради овој митинг ќе пропуштат дел од натпреварот Барселона – Милан, но потоа ги повика и заедно да гледаат.

Не ветувам градежен бум, но ветувам дека чекор по чекор, проект по проект, ќе започнеме со реализирање и решавање на проблемите во Карпош. Конкретно во Карпош 2, заедно со Министерството за култура ќе изградиме нов Драмски театар преку кој повторно ќе се шири културата во Карпош. Исто така, предвидовме и изградба на нова мини спортска сала во ООУ Вера Циривири-Трена. Во ова основно училиште ќе ги реконструираме и надворешните ракометно и кошаркарско игралиште – рече Куновска.

Би можело да ве интересира

Ана Брнабиќ се обрати до ЕУ поради студентски предизборен спот: „На Вучиќ му се закануваат со силување“

Мерц по поразот: „Повеќе немаме задоволителни одговори на премногу прашања“

ДУИ: Ја поздравуваме подготвеноста на ВМРО-ДПМНЕ за предвремени парламентарни избори

Предраг Петровиќ

Илјадници луѓе ширум Србија чекаат во ред да ја поддржат листата „Александар Вучиќ – Обединета Србија“

Вучиќ: Ќе поднесам оставка на 25 или 26 септември, во кампањата ќе настапам како обичен граѓанин

Горан Наумовски

Мицкоски: Нека поднесе опозицијата барање, ќе одиме на избори и ќе победиме