Кумот Јоксимовиќ на верниците им го честита празникот Богојавление – Водици

Од:

Кумот за Водици 2015 во Охрид Жељко Јоксимовиќ им го честиташе празникот Богојавление на сите верници, притоа некриејќи го задоволството што е дел од големата црковно-народна манифестација што по повод Богојавленските празници се организира и одржува во Охрид.

– Бог се јави, среќен празник на сите верници што слават денеска. Голема чест е да се биде тука и присуствува на манифестација со толку голема традиција. Мило ми е што мојот другар Зоки ми помогна и јас да бидам кум на Водици и на некој начин да придонесам за оваа манифестација. Мошне сум почестен и тоа се моите импресии, истакна денеска Јоксимовиќ.

Тој заедно со Зоран Милевски неговиот другар и исто така кум за Водици во Охрид за 2015, годинешниот фаќач на крстот Цветан Мицкоски ќе го даруваат со сребрена реплика на Чесниот крст, тешка околу еде килограм и опточена со позлата.

За неговото кумување во Охрид Јоксимовиќ истакна дека лично е побогат човек кога има се повеќе пријатели.

– И јас и мојот татко и сопругата, моите пријатели што се дојдени тука, се изнанадени од вашата гостопримливост, кога низ градот ме поздравуваа „куме“. Тоа секако ми годи, уште повеќе што тука сум дојден приватно, онака како граѓанин, како пријател на Охрид и на Македонија. Мислам дека сето тоа Господ го гледа и мултиплицирано се враќа, истакна тој. 

Би можело да ве интересира

Почувствувани два земјотреса во Битола и Охрид, епицентрите во Албанија и Грција

Земјотрес во Грција од 3,7 степени по Рихтер, почувствуван и во Охрид

Горан Наумовски

Обвинителството започна истрага по ревизорскиот извештај на ДЗР за Општина Охрид

Двајца скопјани кои вчера скокаа по светиот крст се спасени од давење во Вардар

Горан Наумовски

24-годишниот Дарко Митровиќ го фати крстот во водите на Вардар во Скопје

Горан Наумовски

Мицкоски: Време е за чесност, солидарност и грижа за заедничкото добро

Горан Наумовски