Кумановскиот Црвен крст подели 50-тина пакети со храна на социјално загрозените семејства

Од:

Општинската организација на Црвениот Крст за време на одбележувањето на неделата на борба против гладдта собра 50-тина пакети со храна од кои веќе половина се поделени на социјално згрозените семејства во трите општини Куманово, Липково и Старо Нагоричане.

– Волонетерите собираа средства и од граѓаните и од бизнис заедницата…Може да се констатира дека секоја година се собираат околу 50-тина пакети со храна кои се делат на лица евидентирани во Центарот за социјални работи, како корисници на социјална парична помош, а меѓу нив се одбираат оние на кои во дадениот момент им е потребна исклучителна помош, вели секретарот на оштинската организација,Иле Митковски.

Оваа година, неделата на гладдта се одржа под мотото „Помислете и на нас!“.

Оваа традиционална активност се спроведува од почетокот на октомври, а пакетите со храна се делат до крајот на годината.

Би можело да ве интересира

Тројца насилници од Арачиново осомничени за напад врз маж од Куманово

Кумановци што работеа во Ирак и Авганистан повторно на протест пред општинската зграда

30 дена притвор за двајца насилници кои претепаа сопственик на кафеана

Горан Наумовски

Куманово на нозе: Протест против УЈП поради неиспорачани даночни решенија

Протест на кумановци кои работеа во базите во Ирак и Авганистан – бараат средба со премиерот

А1он

(ВИДЕО) Левица: Од парк – шума до бетонска џунгла, Советот на Куманово го менува ликот на „Ловечки дом“

Горан Наумовски